ИТ настан: 5 работи кои треба да ги знаете за Summer Startup Festival

На 4-ти септември во Охрид, на плажата Лагадин 10, се случува Startup Festival: Startups From Dusk Till Dawn настан на кој се поканети сите стартапи, основачи, претприемачи и инвеститори за журка до раните утрински часови. Овој стартап настан е организиран од македонската стартап заедница за македонската стартап заедница со цел да се запознаат претприемачите и можеби да се родат нови идеи и нови инвестиции. Сепак пред да се впуштите во стартап авантура тоа што треба да го знаете за настанот е следново:

  • Организиран е од локалната стартап заедница, со здружени сили на Startup Weekend SkopjeStartup Grind Skopje, Silicon Drinkabout Skopje, и Coffice кои сакаат „заедно да ја поддржиме следната голема приказна која ќе тргне од овие простори“.
  • Предавање ќе оддржи Петар Ниновски, основач на едукативната платформа WeLrn кој имаше првата успешна инвестиција со CEED бизнис ангелите; и Иван Петрушевски, кој на 18 години ја основа хостинг компанијата MKhost која е денес еден од официјалните регистари на .мк доменот. И двајцата основачи ќе зборуваат за своите искуство, од идејата за бизнисот, до давање отказ, градење тим, грешките кои ги направија…
  • Настанот ја слави храброста. Најдобриот стартап ќе добие… wait for it… лет со параглајдер „бидејки впуштање во стартап светот подразбира храброст како што е потребна за првиот лет, нели?“. Летото е со тимот Вертиго кои имаа тим-билдинг за Google. Друга награда е ваучер од Coffice, co-working просторот во центарот на Скопје.
  • Од 20:00 часот до 01:00 ќе има вмрежување, говорници, дружење. Но, од 01.00 до изгрејсонце ќе слушате страшни стартап приказни!
  • Се очекуваат 50-тина претприемачи, стартапи, инвеститори, вклучувајќи гости од StartQube, уште еден стартап фестивал кој се случува во Охрид.

Влезниците за настанот можат да се купат преку Eventbrite страницата на настанот. а во нив е вклучен и 20% попуст на пијалоците. Поддржувачи на настанот се: WeLrn, Vertigo, G6, StartQube, Jagermeister, Munus и Girls in Tech Macedonia, Coffice, Red Bull… повеќе информации и детали во врска со настанот можете да добиете на официјалниот сајт. Следете го настанот и на Facebook: Summer Startup Festival.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии