IT.MK: Ваучери за апсолвенти и македонски фонтови

IT.mk редакција

во ИТ.МК

(текстот за фонтовите е променет поради појаснување дека станува збор за 1 фонт во 41 верзија, а не 41 различни фонтови. Се извинуваме на пропустот и tnx на читателите за забелешките)

{mosimage} Ќе се направат напори во текот 2010 да се изнајдат средства за доделување на ваучери пред тие да дипломираат, вели министерот за информатичко општество Иво Ивановски кој рече дека имало недоразбирање. Ова појаснување доаѓа откако апсолвентите најавија мирни протести.

„Ова треба да се разбере единствено во контекст на фактот дека во календарската 2009 година, апсолвентите од генерацијата 2009/2010 година нема да ги добијат ваучерите.
Како што и претходно беше кажано Министерството за информатичко општество и Владата на Република Македонија во текот на 2010 ќе направат напори, иако тоа не е во програмата на Министерството и на Владата, да изнајдат средства за доделување на ваучери пред дипломирање на овогодинешните апсолвенти“.

Нов македонски фонт

Министерството за информатичко општество објави
нов македонски фонт. Се работи за 1 фонт во 41 различен стилови (болд, италичен….). Останатите 40 ќе се користат од Владата.

Фонтот всушност нуди 41 стил за македонската поддршка која ја има на секој оперативен систем. Значи овие стилови не се за кога пишувате на латиница па да ја преправите во кирилично писмо. Туку кога пишувате со македонската поддршка тогаш можете да ги промените стандардниот изглед на поддршката во еден постилски фонт.

„Македонските граѓани досега во секојдневното работење, при користењето на постоечките македонски кирилични фонтови беа приморани да користат букви од бугарската и руската азбука. При тоа се појавуваа проблеми во текстот кога се користеа кривите (италик) букви: г, д, к, п, т. Тие отстапуваа од стандардната форма на нашето кирилично писмо и тоа ја уништуваше читливоста и графичкиот изглед на текстовите.“ рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски на денешната презентација на новите фонтови.

{mosimage}

Фонтот и стиловите се достапни на сајтот на MИО но тоа што е чудно е што МИО бара имејл пред да го симнете. Иако фонтовите се оценети како добар потег, сепак барање имејл за симнување e чудно. Тоа не тера да помислиме дека МИО сака мејлови да спамира . :)

Затоа не ги преземајте од МИО туку преземете ги дирекно, без пошта од ТУКА или ТУКA. (tnx на Delicon и Hemicarot)



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии