„Втората опција (која мислам дека на скоро сите студенти кои дојдоа им се допадна) е да се спојат во ФИНКИ и професорите и се да се префрли таму. Тоа е многу подобро бидејќи веднаш ќе има и постдипломски за тие сега што се апсолвенти, а ако се реализира првата, ќе треба да се почекаат 4 години за тие сега по прв пат што ќе се запишат 4та та станат. Исто, тие постдипломски ќе бидат многу побогати и со нови смерови.“ пишува Мартин на својот блог.

„Да не зборуваме дека секоја асална држава има Факултет за Информатика. Факултет. Кајшто деканот знае кои вредности да ги цени, кај да брка проекти, кај да инвестира. Сега, и на ФЕИТ и на ПМФ информатичарите се борат со институтите/професорите кои не се од нивниот смер. Доколку се оствари втората опција како што сфатив тоа значи ќе има повеќе студентски размени во странство, ќе се работи на повеќе проекти спонзорирани од ЕУ и други големи институции, ќе има стручни лаборатории (не само соби со компјутери, туку соби со опреми спцијализирани за определени научни истражувања).“

За формирањето на ФИНКИ имаше критики по македонски весници, но имаше и колумни од универзитетски професори по информатички науку кои го подржаа проектот да се оформи нов посебен факултет за информатички науки.

„Предложеното спојување на информатичките институти не навлегува ниту во финансиите ниту во кадрите на другите институти при ФЕИТ и ПМФ. Со тоа тие добиваат простор за нивни развој и зголемување на атрактивноста на нивните студии, што е исто така битно за Македонија. Од друга страна, тековните и идни студенти по информатика на УКИМ ќе знаат дека буџетските средства наменети за студиите за информатика и приходите од студентите за информатика се користат првенствено за нивните потреби и подобрување на условите за нивното студирање, што во овој момент не е случај.“ вели Владимир Траjковиќ, професор на УКИМ.

Бидејќи на форумот на IT.com.mk има многу членови од двата факултетите, поставивме анкета – Дали сте за формирање на ФИНКИ? – па слободно пишете ни што мислите, дури и да не сте студент го цениме вашето мислење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии