ИТ.мк: Со едноставна технологија до помалку нервоза

Знаејќи едноставна информација, кој сум на ред и за колку време ќе ми дојде редот и ќе можам да излезам и правам нешто корисно, наместо да се гушам во тесен ходник.

И за мое изненадување тоа се случи. Наидовме на конкретен систем кој функционира, за наши услови, прекрасно.

Имено, клиниката за клиничка биохемија во болницата во Скопје, (каде се анализира крвта) имаат поставено кликни-и-земи-си-бројче систем. Доаѓате на клиниката, кликате на црвеното копче и наместо светот да експлодира како што се очекува од црвените копчиња, тој доаѓа во перфектен ред – добивате бројче и си го знаете местото.

Горе над вратите стои дисплеј кој го покажува бројот на тој што е на ред. Кога ќе заврши пациентот сестрата клика копче и се менува бројот, сестрата викајќи го кажува бројот, наместо некое елегантно звукче, но тоа не е проблем :) , и влегува наредниот пациент.

Знаејќи едноставна информација, пример дека има 10 луѓе пред вас и дека за секој нареден пациент треба да пројдат од 5-10 минути да се услужи, вие можете да го посветите времето да излезете на воздух надвор, да се прошетате, да направите нешто корисно наместо да се буткате и дремете во тесен ходник.

Не сум сигурен дека ова е ново нешто, можеби постои одамна, но тоа што е важно е што функционира одлично.

8 коментари на “ИТ.мк: Со едноставна технологија до помалку нервоза

  1. Браво. Никој не вика дека е нов изум, ама сепак треба да се даде пофалба за секој нов потек кој е од интерес на граѓаните. Некој се сетил да направи нешто,БРАВО.

    1. И претпоставував дека не е нов „изум“. Но поентата е дека со малку едноставна технологија ќе се средат доста проблеми без врска дали е едно црвено копче или аугментирана реалност. Мада тоа второто би било супер кул.

  2. Иначе системот земи си бројче мислам дека постои во некои салони на Т-мобиле одамна, можда уште од времето на Мобимак…

  3. Колку сме заостанати, се радуваме на технологии кои на западот се присутни уште од пред 20 години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии