ИТ.МК: Симнете си бесплатен учебник за основно

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage} „Министерството за образование и наука Ве известува дека електронската верзија на учебниците за 4 и 7 одделениe, како и оние учебници кои сеуште не се отпечатени, ќе можат да се преземат од интернет страната http://vlada.mk/ucebnici“ пишува министерството.

Позитивен и логичен проект. Ако се делат бесплатни учебници, логично е истите да се стават онлајн и секој да може да си ги симне и чита. Но…

„За срамота е што и оваа година владата ја изненади почетокот на учебната година во септември. Илјадници вработени во образование, уште толку со договор на дело, плус хонорарни автори, па сепак немаат капацитет да ги извадат учебниците во август, јули или уште порано. Уште повеќе, сајтот едвај го издржува сообраќајот, кој веројатно е зголемен по објавувањето на оваа вест низ медиумите денес.“ пишува блогерот GoodBytes на својот блог Panta Rei.

{mosimage}

Владата вети 4 милиони бесплатни учебници, но до сега тие учебници не се доставени. Истото важи и за учебниците закачени онлајн.

На сајтот има само одреден број предмети. Пример за прво одделение има само учебник за турски јазик, за второ одд. воопшто и нема учебници, за трето има повторно само турски јазик … единствено поголем избор има за четврто и седмо одделение.

Можеби министерството требало малку повеќе да се потруди и да сработи едно барем минијатурно веб сајтче со упатства за користење на учебниците и симнување. Вака документите закачени на сервер изгледаат лошо. Покрај тоа никаде нема упатства како да се читаат, дека е потребен .PDF читач за да се отворат учебниците и како да се дојде до тој читач, додека пак дел од нив се во .doc формат. Покрај тоа на сајтот има изнатрупано и небитни фајлови не само тие за учебниците, пример: непотребен фајл со сликите на корици од учебник. Не верувам дека децата или нивните родители ќе испечатат книга од околу 200 страници заедно со корици бидејќи на крај тоа е огромен трошок за учебници кои треба да бидат бесплатни.

За тие кои сакаат да ги симнат сите книги за 4-то одделение GoodBytes
има изработено торрент фајл.

За тие кои сакаат да најдат .PDF читач можат да го симнат Adobe Reader 9.1



1 коментар на “ИТ.МК: Симнете си бесплатен учебник за основно

  1. оваа работа со е-учебници е големо промашување за мене.За трето одделение нема ниту еден учебник на ОФИЦИЈАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ јазик!!!!!
    ГОЛЕМА СРАМОТА,сега јас треба во МАКЕДОНИЈА да учам ромски,албански,турски….за да симнам еден учебник.
    благодарност до владата на "нашата" !? држава…:(:(
    Зоран

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии