ИТ.МК: Продаден Cosmofon и немири во Скопје

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Телеком Словенија, кој веќе во Македонија е присутен преку интернет провајдерот On.net, стана сопственик на вториот мобилен оператор, Cosmofon. Цената по која беа продадени 100% од акциите на Cosmofon изнесува 190 милиони евра, a договорот официјално е склучен вчера во Грција помеѓу словенечкиот телеком и Cosmote, грчката групација која досега беше сопственик.

Cosmofon кој поседува 30% од мобилниот пазар, заради одржување на конкурентност, мораше да биде продаден од причина што Deutsche Telecom (во чија сопственост се T-Home и T-Mobile) при крајот на минатата година купи поголем дел од грчкиот оператор OTE, чија групација е Cosmote.

За вториот мобилен оператор исто така беа заинтересирани австрискиот Mobilcom (сопственик на VIP), турските Turkcell и Turk Telecom и неколку американски инвестициски фондови обединети под едно име.

Добар знак е тоа што Cosmofon заврши во рацете на Телеком Словенија, па така сеуште на пазарот се присутни три различни компании, но лошо е тоа што "ѕверот" Deutsche Telecom не престанува со своите обиди да завладее со скоро секоја поголема телекомуникациска компанија на оваа планета. Во 2008 преку својата компанија Magyar Telecom, која е директниот сопственик на македонските T-mobile и T-Home, се обидоа неуспешно да го купат Телеком Словенија… сигурен сум дека во блиска иднина ќе продолжат со обидите.

{mosimage}

Засега, Cosmofon одлично ќе се вклучи во стратегијата на Телеком Словенија кои имаат сериозни планови да создадат успешна мрежа во Југоисточна Европа, а ќе биде подобро и за On.net, односно нивниот фиксен оператор Ontel, бидејќи од неодамна и Cosmofon нуди фиксна телефонија. Во пакетот со Cosmofon оди и Germanos и целиот ланец на 66 продавници низ земјата.


Користење на онлајн докази?

Сите знаеме дека протестите против градењето на црквата на плоштадот Македонија во Скопје предизвикаа несакани последици. Да, и ние ги осудуваме протестите т.е тепачката и спречувањето на слободата на говор и искажување мислење.

Но од ИТ гледна точка, тие проблеми предизвикаа интересна реакција. СДСМ излезе со докази преземени од Facebook. Со нив сакаат да покажат дека еден пратеник од ВМРО ја организирал „поддршката за градење на најголемиот храм на МПЦ!“. Тоа е дел од текстот што го пишува на Facebook профилот на Ивица Георгиевски кој пак за медиумите даде интересна изјава.

„Па добро, секој оној кој поддржува некоја идеја на интернет ги повикува и останатите да ја поддржат таа идеја“ вели г-дин. Георгиевски.

Тоа е точно гледано од ИТ аспект – никој не објавува работи на интернет кои не сака да ги сподели со другите. Тоа може да се види и од многуте блогови од двете завојувани страни кои ја искористија технологијата за промоција на своите протести/поддршка. Интересно е што комуникацијата преку интернет навлегува во Македонија и предизвикува ефект луѓето да се организираат преку друштвените мрежи и блоговите, но уште поинтересно ќе биде ако МВР во истрагата искористи онлајн докази бидејќи ги има доста. Како на пример, остатокот од текстот на г-дин. Георгиевски: „Ги чекаме останатите во 12 часот“ што е времето кога анти-црквени протести беа најавени, што може да се осуди како „умисла за злочин“. :)

Гледаме на ова како на позитивно нешто од ИТ аспект, но уште еднаш повторувам дека не ги одобруваме и двете страни кои беа вмешани во инцидентот, туку гледаме на ова само како на поразвиена свест на граѓаните кои ги користат интернет алатките за комуникација.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии