ИТ.МК: Портал за лица со инвалидност и услуги преку СМС

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Сакам, Знам, Можам е портал наменет за лицата со инвалидност, кои на порталот можат да најдат најразновидни информации, закони, услуги… како и да коментираат и да се вклучат во пишување на содржината. „Преку овие секции лицата со инвалидност ќе можат полесно да дојдат до одредени информации, да постават прашања, да пишуваат статии од најразличен интерес. Оставен е простор овој портал да се шири и во иднина, да се поставуваат нови секции во зависност од потребите на заинтересираните лица и организации.“ изјави Иво Ивановски, министерот за информатичко општество.

Порталот ќе е достапен и за слепите и слабодовидните лица, но тоа што недостасува на порталот се повеќе информации за како да се дојде до одредени софтвери како препознавање на глас или други технолошки помагала кои ја олеснуваат интеракцијата на луѓето со инвалидност и информациите. Единствено што е лесно достапно е зголемување на фонтот -„А, А, А“ кои можат да се најдат во горниот агол од порталот.

{mosimage}

Плаќање таксени марки преку мобилен или картичка

Од одделот на граѓански услуги, Министерството за информатичка технологија ја промовираше услугата за плаќање таксени марки за лични документи преку мобилен или со платежна картичка преку интернет.

„Сите граѓани кога вадат лични документи – пасош, возачка дозвола и лична карта ќе може за таксената марка да уплатат преку мобилен телефон и преку кредитна картичка од своите домови или од секој компјутер кој има пристап до веб страницата www.uslugi.gov.mk, изјави министерот Ивановски.

{mosimage}

Процесот на плаќање се врши со праќање на СМС порака СК, ТМ (за таксена марка наменета за патна исправа), потоа име, презиме и сумата, во случајот 50 денари, на бројот 144 166. Откако ќе се испрати, службеникот на неговиот компјутер добива сигнал и по добивањето на повратна порака за успешна трансакција каде е даден и трансакциски код му се дава на службеникот да го внесе и со тоа административната таксена марка е исплатена. За секој документ ќе постојат различни кодови.“ пишува МИО.

Не пишувајте „премиерот лаже“ на интернет

Нова Македонија објави интересен текст „Не пишувајте ‘премиерот лаже’ на интернет“ во кој пишува за влијането на интернетот врз јавното мислење, кое како последица ги популаризира тужбите доколку некој лаже или шпекулира онлајн.

„Директорот ја украде фабриката“. „Премиерот лаже“. „Министерот е клипан“. Ако сте во Англија и овие реченици ги напишете на интернет, ќе ве тужат. Дури, и ако ваков разговор сте воделе со макар едно лице, или во тесна група пријатели." пишува Нова Македонија.

Адвокатот Филип Медарски изјави за весникот дека во Македонија вакви тужби за клевета нема.

„Досега нема покренато тужба за клевета на интернет. Кај нас прописите не само што не се толку децидни, туку се и многу општи. Клеветата единствено е регулирана во два члена во Кривичниот законик и не се гони по службена должност. Доколку некој напише нешто навредливо за вас, можете да му поднесете приватна тужба. Ако авторот не е познат, мора да се покрене и постапка за докажување на авторството“ вели тој.

Интересно во текстот е што Нова Македонија се осврнува и на говорот на омраза кој е секојдневна појава на интернетот, дали е меѓу албанците, бугарите, грците и македонците, дали се работи за религиозна или национална омраза, сепак говорот на омраза е секојдневие низ македонскиот интернет простор.

„Кај нас е забранет говорот на омраза, а државата толерира сајтови што имаат таква содржина. На пример, песни од хулигански навивачки групи насочени против други граѓани. Слободно функционираат сајтови со хомофобни содржини. Се интервенира поединечно, кога ќе биде засегнат некој центар на моќ, но не и системски“ изјавија „информатичари запознаени со ситуацијата“ за Нова Македонија.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии