IT.MK: Поефтини СМС ?

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage} VIP побара од Агенцијата за електронски комуникации да ги смени договорите меѓу мобилните оператори за да се намалат цените на СМС пораките. Сега да испратите СМС чини 5 денари, главно поради 2 денари тарифата која меѓусобно си ја наплатуваат операторите. Предлогот на VIP е таа меѓусобна тарифа меѓу провајдерите да биде 0 денари со што ќе може да се обезбедат и поефтини СМС пораки, претпоставувам СМС ќе бидат 2 денари.

„Вип направи храбар исчекор со тоа што во новите две при-пејд тарифи VIP2 и VIP Start ги наплатува испратените СМС пораки кон нашата и другите мобилни мрежи за само 2 денари, колку што впрочем чини нашето раздолжување кон другите оператори. Од тоа Вип нема никаков ќар освен што сакаме на тој начин оваа услуга, која порано многу се користеше, повторно да ја стимулираме кај корисниците“ вели Никола Љушев, извршниот директор на VIP, кој за споредба го зеде северниот сосед. „Во Србија не плаќаат операторите за терминирање на СМС и затоа кај нив користењето на оваа услуга е за 8-10 пати поголема отколку кај нас.“

{mosimage}

Cosmofon го подржа предлогот. Се очекува одговор од T-Mobile кои најавија дека го разгледуваат предлогот, што е разбирливо бидејќи според статистиката на Агенцијата за е-комуникација, во првата четвртина од 2009 година дури 82 отсто од испратените СМС се од T-Mobile мрежата.

Што се однесува до корисниците, Cosmofon има околу 440.000 корисници, VIP има околу 230.000 корисници, а T-mobile околу 1.4 милиони корисници.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии