ИТ.мк: Пилот-проект за електронска размена на податоци

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage} Започна проектот за поврзување на државните институции во систем за интероперабилност
со цел да се користи една дата бази во изработка на податоците.
Пилот-проектот ќе ги опфати Царинската управа, МВР, Централниот регистар, Управата за јавни приходи и Катастерот. Тие пет институции во рок од шест месеци ќе бидат поврзани и ќе имаат една дата база на податоци, при што нема да има потреба од дуплирање информации, а преносот на информациите со УСБ и дискови ќе биде минато, вели ИТ министерот Ивановски.

„Со системот за интероперабилност се поставуваат темелите за заживување во напредна фаза на поглавјето електронска влада. Со тоа ефикасноста на услугите кон граѓаните ќе се зголеми бидејќи тие при размената на податоците ќе трошат помалку пари, ќе стане минато размената на податоците меѓу институциите по УСБ и ЦД и ќе нема потреба од курири.“ вели ИТ министерот укажувајќи дека ако досега на Управата за јавни приходи и биле потребни три дена за да добие имотен лист од Катастарот со системот за интероперабилност таа услуга станува достапна за само три секунди.

{mosimage}

По завршување на шестмесечниот пилот-проект тој ќе се имплементира и во други институции. Инаку овој проект е изработен од компанијата „Виста“ и чини 49 милиони долари.

Дополнително за читање:



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии