ИТ.МК: Осврт на МИО и дифејсиран владин сајт

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Време е да се направи осврт на работењето на Владата на РМ, поконкретно осврт на работата на Министерството за информатичко општество (МИО). Иако имаме иста влада веќе подолго време, сепак поводот е 1 година од работата на Владата.

Затоа МИО одржа прес конференција каде ги објави завршените, а најави идните проекти. Еве што е завршено во изминатава година:

  • Проектoт „Компјутер за секое дете“ – обука на 12.000 наставници од средните училишта; локализација на образовни содржини т.е се одбра софтвер со отворен код за практична примена во училниците; интернет за сите училишта; компјутер за секоj ученик во основните и средните училишта. Овој проект треба да заврши до декември 2009 година, и се очекува да се инсталираат 108.000 компјутерски работни места.
  • е-Влада – Систем за електронско раководење со документи (DMS) со „кој ќе се автоматизираат работните процеси и ќе се овозможи следење на текот на документација во процесот на нејзино донесување и одобрување. Системот ќе овозможува веб-базиран пристап кон централниот систем, а со него ќе бидат опфатени сите 21 државни институции.“. Се работи и на владина р’бетна мрежа која ги повржува државните институции со оптичко влакно со цел меѓусебна размена на податоци од најразличен карактер; Систем за електронско плаќање на административни такси; Систем за управување со деловни процеси поврзани со електронска седница на Влада на Република Македонија;
  • Вредносни ваучери за студентите.

Како што може да се види, работата на МИО во изминатава година може да се сумира во 2 збора – образование и администрација. Навистина ова се два суштински проекти за кои треба време и ресурси да се остварат, но има некои други приоритети, како …

Дифејсиран сајтот на Министерството за транспорт и врски

Сајтот на Министерството за транспорт и врски беше хакнат или со потехнички термин – дифејсиран. Тоа значи дека содржината на сајтот беше заменета со друга, во овој случај со „Defaced By KingHackTeam. -0wne“.

{mosimage}

Дифејсирањето на владин сајт или сајтови на институции не е ништо ново. Претходно падна сајтот на претседателот, потоа во мај годинава сајтот на Музејот на Македонија кој се уште не функционира. Се промовираше и ucenje.org.mk, но кога ќе отидете на лекциите добивате листа на „Hacked by Vendetta" лекции и нормално сервисот не функционира. Сега и сајтот на Министерството за транспорт и врски е дифејсиран.

Можеби образованието и администрацијата се топ приоритети на МИО, но навистина треба да се размисли за владин CERT безбедносен тим. Дифејсирањето на сајтот не е ништо посебно и штетно. Потенцијалната опасност е пласирање лажни информации и исмејување, или како во овој случај каде дефејсирањето на сајтот на Министерството за транспорт послужи за само-промоција на
хакерска група.

Но, реакцијата, па дури и можноста за нешто вака банално некој да си игра со владини сајтови, не ветува многу за безбедноста на истите, посебно кога штетата може да стане поголема ако некој добие пристап до „владината р’бетна мрежа“ или дата базата на целата администрација.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии