ИТ.MK: Нема ваучери за апсолвентите; Тime.mk на албански

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Апсолвентите оваа година нема да добијат вредносни ваучери за компјутери. „Кризата ги изеде ваучерите“ е добар наслов на весникот „Време“ кој ја опишува ситуацијата. Но иако е потврдено дека нема да има ваучери, сепак работите можат да се променат, велат од Министерството за информатичко општество.

„Засега можат да потврдам дека оваа година немаме планирано доделување ваучери на апсолвентите. Но, но тоа не значи дека оваа одлука нема да се промени. Сепак, ситуацијата е таква.“ вели министерот Иво Ивановски.

Ваучерите вредат 15.000 денари и во изминативе две години се доделуваа на апсолвентите за да си купат компјутер. Вкупно, за 2007 и 2008 година, се доделија над 22.000 ваучери.

{mosimage}

Проектот беше навистина позитивен и перспективен, па затоа разочарувањето е големо, посебно за идните апсолвенти. Подолу се дел од коментарите од
форумот на It.com.mk.

  • „Знам дека јас и многу други апсолвенти планиравме да си купиме лаптоп нареднава година…“
  • „Ц,ц,ц,ц имаат пари за глупи и безвезни скулптури без никакво значење и општа корист… а немаат пари за ваучери“
  • „Нема избори оваа година затоа и нема ваучери“
  • „Некои идеи на оваа влада колку што се добри толку се и лоши“

Нова набавка на 22.000 лаптоп компјутери

Компанијата King ICT објави дека ќе набави 22.000 преносни компјутери во вредност од 5 милиони американски долари за Министерството за информатичко општество. Испораката на компјутерите ќе заврши до крај на годината и е дел од долгиот проект „Компјутер за секое дете“ кој е најавен дека ќе заврши до крајoт на 2009 година.

Инаку овие лаптопи се наменети за професорите во основните училишта, а ќе следува уште една набавка од 55 илјади компјутери за учениците, вкупно планирани 75 илјади, вели МИО.

Time.mk на албански

Агрегаторот на вести Time.mk ја објави својата албанска верзија – shqip.time.mk. На почетната страна се и деловите за занимливости, шоубизнис, технологија и спорт на албански јазик, делови кои на македонската верзија се распределени на други страни.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии