ИТ.МК: Нема ЕУ со 50% пиратерија; сајбер политика

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Подолу е мал преглед на интересни денешни текстови на македонските медиуми поврзани со ИТ. Први и најинтересниот е насловот „Нема EУ со интернет пиратерија над 50 проценти“
на Kирилица која пишува за забелешките на Симпозиумот за спроведување на правата од интелектуална сопственост на кој учествуваат преставници од 31 земја.

Во Македонија има напредок во полето на спречување пиратерија, вели Валентин Пепељуговски, адвокат на Business Softwer Alliance, но тоа не е доволно.

„За разлика до пред некоја година
кога воопшто не се работеше на тој план
лани стапката на пиратство е намалена за пет до 10 проценти.
Тоа се големи резултати. Сепак има уште многу работа затоа што нема влез во ЕУ без стапка
на фалсификат и пиратство под 50 проценти“ вели г-дин. Пепељугоски.

{mosimage}

Од 2008 до 2009 година се спроведени 42 постапки за заштита на правото на интелектуалната сопственост, информира министерот за правда Миџајло Маневски.

„Свесни сме дека често се прибегнува кон повреда на правото на интелектуална сопственост, односно кон кражба на авторското право, правото на иновација и друг вид интелектуална сопственост. Токму поради тоа секоја држава е должна во рамки на фунцкиите кои ги остварува да обезбедува заштита на интелектуалниот труд и на иновациите“ изјави министерот Маневски.

Сајбер политика

Интересен текст објави и Нова Македонија која пишува за политичарите кои започнаа да се инволвираат во друштвените мрежи на интернет.

„Трендот на политичка сајбер-кампања, од неодамна активно се употребува и во Македонија. Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Тито Петковски, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Али Ахмети, Мендух Тачи, Љубе Бошковски… се меѓу позначајните што своите биографии, активности, планови и извадоци од медиумите ги „закачуваат“ на Фејсбук.“ пишува Нова Македонија.

Нa Facebook има над 375.000 македонци што е огромна бројка. Секако не се сите исто политички определени, но голем дел се гласачи, покрај тинејџерите кои се пак идни гласачи.

Тоа што го нуди Facebook и другите друштвени мрежи е подостапна комуникација меѓу политичарите и граѓаните, „подостапна“ бидејќи профилите се водени од некој друг, „политички слуги“ како што ги нарекува Нова Македонија. Друго што нудат друштвените мрежи се можност на политичките профили да пласираат најразлични информации за луѓето да се заинтересираат за некои важни политички прашања, сами да си изберат партија, да ја прочитаат политичката програма…

{mosimage}

Но, постои и лоша страна на сето ова или „војни на Facebook“ како што пишува Нова Македонија која како примери ги зема хрватската група „Ќе најдам 5.000 луѓе што го мразат Санадер“ наводно направена од некој близок до опозицијата. За одмазда поддржувачите на Санадер отвориле група каде лидерот на хрватската опозицијата Зоран Милановиќ е прикажан како педофил.

Ни Македонскитe корисници на Facebook не се имуни на таквите нешта. „Ѓорѓе Иванов – Осмо Светско Чудо – Восочна Фигура Што Зборува“, „Ич не го сакам Бранко Црвенковски“ се дел од групите против одредени политички фигури.

ИТ судство

Што се однесува до развојот на технологија во Македонија, Радио Слободна Европа објави текст за воведување на информатиката во судовите како дел од проектот е-Влада. Иако тоа е позитивен изчекор во „поглед на транспарентноста и ефикасноста на судството“ вели министерот Маневски, сепак експертите не се согласуват, велат дека со тоа нема да го поправи судот.

„Секако тоа не е максималниот дострел кој треба да се направи во овој момент, дефинитивно судството има системски слабости, пред се околу работата на судиите, следењето на нивната работа и квалитетот на судските одлуки." изјави Сашо Ордановски од Tранспарентност Македонија за РСЕ кој додава дека проблемот во судството се човечки грешки кои технологијата не може да ги порави.

„Се разбира тоа ќе овозможи евентуално поголема ефикасност во работењето на судовите, но сите други слабости не се врзани за тоа и остануваат голем проблем за македонското судство.“ вели г-дин. Ордановски.

Инаку, за ефикасно и информатички функционално судство се набавени 100 дисплеи, 720 компјутери и 450 мрежни печатачи, како и 150 компјутери и исто толку печатачи за јавните обвинителства.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии