Интересно е што иако инволвираните можат лесно да ја закачат содржината на Википедија, сепак од МИО се решија за нов сајт wiki.mio.gov.mk кој личи на енциклопедијата. На сајтот на МИО има одредено кои теми ќе се обработуваат како и дополнителни информации и упатства.

„Веб-локацијата ќе служи како место на кое што студентите ќе имаат пристап до повеќе информации за проектот, како упатства за подготовка и поставување на статии, листа на теми кои студентите ќе можат да ги изработуваат, известувања и сл., со цел подобра координација помеѓу учесниците на проектот.“ вели Марија Николовска од МИО.

Планот е да се мотивира креирањето на содржина. Понекогаш, со договор со професорите, оваа активност може да им допринесе и кон оценката на студентите. Што се однесува до самата содржина, студентите ќе објавуваат содржина според избраните теми на сајтот на МИО, потоа таа содржина ќе се прегледа од професорите и на крај ќе биде претставена на Википедија.

„Самото поставување на статиите ќе се врши директно на страницата на Википедија Македонија, за што студентите ќе бидат соодветно обучени од администраторите на Википедија и претставници од МИО.“ вели г-ѓа. Николовска.

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии