ИТ.МК: Maкфакс Fail!

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage} (МакФакс го промени текстот па од „награда“ сега Seavus е „добитник на признание“. Среќа што кликнав на „print screen“. Тоа е едно од начелата на новинарството – да обезбедиш доказ кога споделуваш информации, нешто што МакФакс го заборави!)

„Македонската ИТ компанија “Seavus” е добитник на награда за најинспиративен корпоративен дизајн на веб страна, што ја доделува , водечки светски портал за веб дизајн InstantShift.“ пишува MакФакс. Супер! Убав дизајн, добар продукт, но постои еден проблем… Нема никаков натпревар, ниту има награди.

„Ова ли ова ли е вест? И ова ли е ПР?“ твита Дарко Крстевски линкајќи до оригиналниот текст од InstantShift кој е всушност обичен веб портал за веб дизајн кој си направил листа на инспиративни дизајни за да според порталот, покаже на одлични корпоративни дизајни.

Seavusprojectviewer
се најде меѓу 45 интересни и инспиративни дизајни. Да, токму така 45 други дизајни!!!
И уште нешто, не постои никаков натпревар!

InstantShift пишува многу јасно: „Во оваа ПРЕЗЕНТАЦИЈА, ќе најдете разновидни високо-квалитетни, убави и најважно инспиративни корпорациски дизајни…
(Можете да прочитате и самите со Google Translate).

Seavusprojectviewer можеби има одличен дизајн ама… НЕ Е награден!

{mosimage}

Не знам како да гледам на ова по овој инцидент и по „истражувачкото новинарство“ на Нова Македонија. Како на ПР манипулација на медиумите или како неспособност на медиумите да прочитаат и проверат одредена информација? Надополнето: Истиот текст на МакФакс се појави и на сајтот на Форум. Сeга може да се каже дека е лош ПР и манипулација со медиум бидејќи Seavus е сопственик на Форум. Надополнето: Текстов се појави и во Дневник (вторник, 1 септември) и тоа текстот не е поправен. Стои дека Seavus е награден. Оваа вест пројде низ 3 медиуми без воопшто некој да ја провери и да отиде на сајтот на InstantShift да провери за што станува збор.

Криминалистичката база на податоци

Минатата недела MВР понуди закон за создавање на „национална криминалистичко-разурзнавачка база на податоци“ односно база на податоци која ќе ги обедини сите информации и податоци од полицијата, разурзнавачките служби, министестрвото за правда, управа за јавни приходи, царина…

Но иако звучеше како добар план, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на МВР и Министерството за Одбрана, со 2 гласа „за“ и 3
„против“, го одби овој предлог.

„Власта и опозицијата се на ист став, дека ваков закон е потребен, но ВМРО-ДПМНЕ, најголемата партија на власт, не успеја да ги убеди членовите на собраниската комисија да го поддржи нацрт планот на законот и да го пратат на второ читање“ пишува Форум.

Овој закон е дел од критериумите за добивање кандидатски статус на државата, вели Цветко Грозданов од ВМРО, додека пак за Горан Сугарески од СДСМ со овој закон се зголемува моќта на МВР.

А за членовите на форумот на IT.com.mk, најголемиот проблем со овој закон е безбедноста на податоците, или како што вели Игор Ристовски a.k.a Comander: „Oд безбедносна гледна точка (знаејќи го нашето ниво на безбедност) во ИТ тоа ќе биде тотална утка осеќам.“



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии