ИТ.МК: Кражба, CERN, Web.Dep

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Ова е краток осврт на неколку вести од Македонија поврзани со ИТ. Првата е криминалот со кредитни картички, каде двајца браќа украле околу 80.000 евра со трансакција на пари со лажни кредитни картички кои, според МВР ги правеле сами. Сајбер криминалците сами ги манипулирале картичките со вметнување туѓи информации на магнетната лента на картичките. Податоците биле украдени од Visa корисници од Хонг Конг, Шпанија и од две македонски банки. Со 45 трансакции тие успеале да извлечат 80.000 евра.

„Успеале незаконски да навлезат во компјутерските системи на две банки, преку пост-терминалите кои биле поставени во продавниците кои биле во нивна сопственост. Во продавниците е утврдено дека воопшто немало никаков влез и излез на стока, односно дека станува збор за фиктивни трансакции – злоупотреба на картички на странски државјани“ изјави Иво Котевски, портпаролот на МВР.

Во последниве неколку години во Македонија се забележани голем број на случаи со фалсификување на кредитни картички, изведени на истиот метод како горенаведениот. Дознајте како да ги заштитите вашите кредитни картички од злоупотреба преку 15 едноставни совети.

Македонија ќе соработува со CERN
Македонска делегација вклучувајќи го и премиерот Груевски, вице-премиерот Ивица Боцевски и Јордан Поп-Јорданов, директор на Истражувачкиот центар за енергетика е во посета на Европската организација за нуклеарно истражување (CERN).

Делегацијата ќе потпише договор со CERN за соработка на полето на научни и технички истражување од областа на експерименталната и теоретска физика, акцелераторско и детекторско инженерство, медицински апликации од детекторските технологии и пресметување.

Оваа соработка ќе овозможи македонските научници, инженери и студенти да аплицираат за предавања, обуки и истражувања во училиштата на CERN.

CERN e институцијата од каде произлезе идејата за World Wide Web (WWW) мрежата и институција која го води најголемиот научен експеримент во светот, Large Hadron Collider (LHC).

{mosimage}

Web.Dep
Во Охрид преку викендот се одржа Web.Dep работилница организирана од националните новински агенции МИА (Македонија), ТАНЈУГ (србија) и АТА (Албанија).

Web.Dep проектот, односно Western Balkans Democratic Participation, е проект на Eвропската унија за воспоставување мрежа за соработка меѓу националните новински агенции, како и
националните владини и јавни установи за поефикасно јавно информирање. Исто така целта на овој проект е да се отворат комуникациите и меѓу граѓаните од балканските земји преку форуми, бидејќи „комуникацијата меѓу земјите од западниот Балкан е скоро непостоечка“, пишува на сајтот на Web.Dep проектот.

Иновациски форум на Microsoft
Иновациите се клуч за пребродување на економската криза, а информатичката технологија е платформата од која можат да произлезат таквите решенија, oва е пораката од Форумот за иновации и семинарот за технолошки модернизации што се одржаа во петокот во Скопје во организација на Microsoft Mакедонија.

„Рецесијата ја прави иновацијата одржлива“ рече Џереми Гитинс, директорот на Microsoft за Централна и Источна Европа кој потсети дека Microsoft започнал во време на рецесија исто како и Facebook и Skype.

„Ова е шанса за информатичката технологија и во светот и во Македонија“ рече Илијанчо Гаговски од Microsoft Mакедонија посочувајќи дека сега се бараат решенија за намалување на трошоците, продуктивност и освојување нови пазари.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии