Тешко е да се дојде до конкретен метод за да се измери прецизно бројката на паметни уреди во Македонија (via @VipMK), но сепак успеавме делумно да ја добиеме почетната слика за каква е состојбата во Македонија и каква е пенетрацијата на мобилните телефони.

Од неколку .мк сајтови и портали добивме извештај за колкав број луѓе пристапиле до сајтовите преку своите мобилни телефони и од кои платформи и мобилни оперативни системи го направиле тоа. Побаравме од сајтовите да ни испратат експортиран PDF фајл директно од Google Analytics со цел да избегнеме било какви непроверени бројки и ги ограничивме на периодот на првиот квартал од 2010 година, односно од 1-ви јануари до 7-ми април.

Податоците до кои дојдовме може да ги погледнете во следнава графа:

Од графата јасно се гледа дека и покрај тоа што е скап и обврзан со договор, iPhone-от на Apple доминира на македонскиот пазар со 50% пазарен удел од главна причина што скоро сите кои го поседуваат имаат интернет пакет вклучен во своите договори. Интересно е да се забележи и дека голем број македонски интернет корисници пристапуваат до сајтовите преку поновите верзии на iPod, односно 4%, со што вкупниот удел на Apple изнесува 54%.

Втора најкористена мобилна платформа очекувано е Symbian, C++ оперативниот систем купен во 2008 од страна на Nokia, кој во светот важи за најпопуларен мобилен оперативен систем со удел од 46.9%, додека кај нас е присутен со 26%.

Оперативниот систем на Google, Android, кој во светот забрзано го доживува својот моментум, засега на пазарот е присутен со скромни 8%. Но слободно можеме да очекуваме бројката да се промени во наредниов период, воглавно заради се поголемата популарност на Android, зголемената достапност и нормално зголемениот број на апликации.

Што се однесува до останатите мобилни оперативни системи, Windows преку сегашните свои верзии јасно го губи својот статус, додека бројката на BlackBerry е мала веројатно заради исклучиво бизнис намената и таргетот кој го има овој мобилен уред, и верувам дека таа група на луѓе ретко ги посетува порталите од кои се земени овие статистики.

Сепак, ова е само едно почетно истражување и е далеку од соврешно. Идеи и предлози за идните вакви анализи и истражувања се добредојдени.

Благодарност до сајтовите кои учествуваа во ова истражување:
Time.mk
IdiVidi.com.mk
Kajgana.com
365.com.mk
Komunikacii.net
NotForMen.mk
– IT.com.mk (нормално) :)

Надополнето: Истражувањето во бројки (посети): iPhone – 28.628, Symbian – 15.118, Android – 4.426, Sony – 3.343, iPod – 2.353, BlackBerry – 1.056, Windows – 949, Samsung – 1.043, LG – 500, Nokia – 45.

37 коментари на “ИТ.мк: Користеност на мобилни платформи

  1. Well this kind of information is basically worth looking for, excellent info for readers and surely shows excellent writing. Its cool to have these types of posts about to keep the data flow. Assisting these who really take pleasure in this, terrific function! Thanks once again for taking the time to put this online. I unquestionably liked every portion of it.

  2. iPhone пред Symbian???? За малку да поверував :) Ова може да е копирано од Америка, во Македонија колку и да имаме печалбари кои биле на брод или чувале деца и баби по Америка не можеле да довлечкаат доволно iPhone-и а ни продажбата не е нешто сјајна во Македонија, а Android e само залепено од некаде. ИТ воопшто не сте објективни а уште помалку реални. Сепак мора од нешто да се живе нели? Поздрав за добриот обид – ако ништо друго барем добро се насмеав – ми го продолживте животот.

    1. Ok… имаш листа на сајтови побарај им ги истите информации и спореди ги. Ако ги добиеш истите бројки тогаш значи дека не си објективен? :)

  3. Тука само се споменува анализи на Вип оператор.Треба да ги имате резултатите од другите мобилни оператори и да биде заедничка анализа.

    1. Анализата на ВИП е референце дека е тешко да се направи комплетна анализа. Во ова наше истражување се зедоа мобилните посети од некокуте сајтови наведени погоре. Ниту еден оператор не учествуваше.

  4. Јас друго прашање би поставил… кој побогу би ги посетил ИТ, Кајгана, 365… преку мобилен?
    Прво, сајтовите не се оптимизирани за преглед од мобилен телефон, второ е што едно лоадирање на било кој од овие портали троши трансфер од ~2 мегабајти, и трето и најважно, проблематиката која горе-долу сите портали ја обработувате, не е некоја да рече човек "леле едвај чекам да отворам 365 и преку 3G конекција да направам 10 мегабајти трансфер на едно видео".
    Инаку, се согласувам со делот дека ова е далеку од совршено истражување. Повеќе изгледа на совршен маркетинг на T-Home/T-Mobile.

    1. Со сета почит Спасе, да скролнеше подолу ќе видиш дека ја промвираме мобилната верзија на IT.com.mk, оптимизирана верзија за мобилен која ја имаме од самиот почеток и на стариот дизајн.

      1. Читај Спасе:
        "…ги ограничивме на периодот на првиот квартал од 2010 година, односно од 1-ви јануари до 7-ми април." Промовирај ти колку сакаш сега веќе, зборев за времето кое е покриено со "истражувањево".
        Периодот за кој е "анализава", ни ИТ беше оптимизиран за мобилни, ни бутур.
        Поентата ми е, сајтовите кои сте ги одбрале да ги анализирате, не се посетувани воопшто од мобилни. Не дека луѓето немаат мобилни или не сакаат да сурфаат од мобилен, туку дека јас кога сакам да прочитам нешто од ИТ сферата (или за цицките на некоја српска певаљка на 365, сеедно) го правам тоа од десктопот, а не од мобилен.
        Да резимираме, во периодот кој е покриен со анализава, ниту еден од сајтовите кои се искористени, немале верзија на мобилен на сајтовите.

      2. Неважно, останува мојата поента: проблематиката која горе-долу сите портали ја обработувате, не е некоја да рече човек "леле едвај чекам да отворам 365 и преку 3G конекција да направам 10 мегабајти трансфер на едно видео".

  5. Вон-контекст, а во врска со кометирањето: одбрав да добивам известувања за нови коментари на меил, ама ко шо гледам има нови коментари, а инбоксот празен… Треба и вие нешто да чепнете или до IntenseDebate е?

  6. Интересна работа, ако тргнам од себе мислам дека никогаш не сум ги посетил овие сајтови од мобилен освен IT.MK затоа што ме интересира областа која што ја покриваат и посебно затоа што имаат мобилна верзија на сајтот што е многу згодно за сурфање од мобилен.

    Но, истражувањево дава неколку интересни индикации како на пример дека iPhone корисниците ги интересира повеќе "lifestyle" тип на портали па можеби затоа iPhone има најголем удел во ова истражување. На пример, доколку би имале повеќе "специјализирани" портали од разни области верувам дека сликата би била поинаква.

    Во секој случај интересно е да се види дека Android за брзо време е на трето место и не би ме изненадило доколку во некое наредно истражување биде еден од првите два благодарение на одличните HTC модели.

    Но најбитно од се, е како што кажа @dasaf , да се сруши митот дека мобилен интернет е нешто екстремно скапо и недостапно. Surf on ;)

  7. Aj ja po moja logika :)

    Od site lugje vo Ohrid i Skopje ovie 2 meseci imam videno mnogu telefoni , a i smartphones :) Da kazam deka najvise imaat Symbian i Windows platformi.

    Za ovie dva meseci samo kaj 2ca imam primeteno iphone :)

    :D Malce glupa mi e logikata

    1. хаха воопшто не е глупа Ѓорѓи, бидејќи Symbian и Windows телефоните се пораспространети и поефтини. Пример smartphone од 10 илјади со Symbian за разлика од 30.000 IPhone.

      Но… види погоре што вели Дамјан дека секој iPhone корисник има вклучен интернет сообраќај во сметката, додека останатите корисници не мора да го користат интернетот на својот телефон. Тоа е една можна веројатност.

      Но… веднаш под него и @dasaf има одлична поента. Ако корисниците се опуштат и почнат да користат мобилен интернет тогаш iPhonе-от ќе го изгуби првото место по користење, бидејќи има повеќе Symbian или Windows или Android телефони.

  8. Податоците си се тие, но тоа што е грешно и ги збунува сите е насловот – "Користеност на мобилни платформи" тоа е погрешно.

    Тоа што се гледа од податоците е дека iPhone корисниците *највеќе сурфаат* … иако тоа „посети“ исто ми е недифинирано.

    Интересен е и односот 1 према 6, android/iphone. Дали стварно android-и има 6тина од iPhone-и? iPhone е прилично долго време присутен на нашиов пазар, а android тек оваа година има посериозен настап тука. Но пак, веројатно дека тие што се early adopters на android повеќе сурфаат од многу повеќето iPhone корисници.

    Во секој случај, податоците се едно – нивното толкување најчесто се греши :)

    1. Apsolutno pogresni podatoci, ne se ni priblizno tocni, od 100 korisnici na telefoni so operativen sistem 70 se Nokia a iPhone samo 3-5, ako istrazuvanjevo ne vi e naracano togas imate seriozen problem so informaciite koi gi imate.

  9. Ova e samo eden nacin na gledanje na rabotite dobieni po konkreten nacin na analitika. Ne znaci deka ne postojat i drugi (poprecizni/razlicni) nacini. Nieden statisticki nacin ne mora da znaci nisto. Poveketo iPhone korisnici gi trosat svoite internet minuti, samo zatoa sto odnapred gi platile. 98% od Symbian korisnicite (a koi vo pravo si Stojce se najmnogu) surfaat samo koga se vo zort i na strogo odredeni, za niv potrebni portali, zatoa sto toa cini dodaten trosok ili onaj mal procent sto imaat WiFi i go koristat na nekoj Hot-Spot uz kafe. Najdobra statistika mislam deka bi dobile koga bi im se obratile na Facebook oficijalno pa da pobarate od niv izvod za toa kolku luge i preku koj OS najveke im pristapile lol

  10. Нормално е iPhone да е користен во толкава мера на македонскиот пазар, секој кој има iPhone бидејќи е на договор има и вклучен интернет пакет кој го користи. Тоа е реалната математика.

    Има голем број корисници кои не го користат својот smartphone за интернет бидејќи им се скапи пакетите, а оние со iPhone сите се обврзани со договор.

    Сликата е до негде реална…

    1. да не го пишеше овој коментар, јас ќе го напишев :)
      немам смартфон, но многу често сурфам (нокиа/опера) без никаков пакет, па воопшто не е страшна сумата која ја плаќам за интернет. практично дури и многу поефтино од смс.
      ко корисниците да имаат фарјвол околу својот телефон кој им вика „скапо е интернет на мобилен“. да се опуштат сите малку, ќе се изменат бројките….

  11. licno mislam deka voopsto ne e tocna anketava. 54% Apple?!?! I wish!
    Anketava bi bila daleku po uspesna dokolku Operatorite Mobilni ja napravat!

    se soglasuvam deka Symbian e vodecki OS ne samo vo MK tuku i evropa cela, jas koristam WM 6.5!

    pozdrav!
    Filip

  12. Jas tvrdam deka istrazuvanjeto ne e tocno.

    Ne e mozno Iphone da imaa ucestvo so 50% vo celata slikata. I da stanuva zbor za kineski Iphone i vo toj slucaj istrazuvanjevo ne moze da se zeme kako korektno.

    Mislam deka Symbian e vodecki operativen sistem pomegu korisnicite na mobilni vo Mk.

  13. Се е убаво показателите не се лоши овие се само некои почетни показатели казува дека i phone има најмногу мозеби има ама од сите корисници сто имаат 80% се кинеските модели на I phone кои не се ни близу до оргиналот со фунциите ,,,,,,,,, Мене повеке ми личи како оваа анкета да е нарачана од T-home ……….

    1. Дамир, во која смисла погрешно? Дали можеш да го аргументираш тоа?
      Ова истражување е само една почетна точка, далеку е од совршено.

      1. Во смисла дека, преку веб статистики не можат да се добијат точни бројки, уште помалку кај нас во МК каде мобилниот интернет е користен од малкумина. Според податоците, секој втор телефон би бил iPhone? Јас би се зачудил доколку вистинската бројка надминува 1%.

        Можеби подобра почетна точка би била анкета, нешто слично како таа на форумотhttp://0.mk/e8b6.

      2. Ова е практично истражување… како всушност се користи во пракса мобилниот интернет кај нас, односно преку кои платформи највише се пребарува. Јас лично повеќе сакам такви истражувања отколку анкети каде што секој може да се изјасни како сака, а во реалноста не е така. Во секој случај во право си до некаде… ќе се обидеме во идните истражувања да извршиме подетални увиди, нормално доколку ги имаме потребните информации… поздрав

    1. Од сајтовите ги добивме само бројките за пристап на сајтот од мобилен, но не и вкупниот број на посети. Што се однесува до IT.com.mk…. 0.26% oд вкупните посети

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии