Од регистарот рекоа дека МАРНет, кој сега е воден од Универзитетот „Кирил и Методиј“, наскоро ќе биде превземен од Министерството за информатичко општество (МИО). Се чека на официјалната процедура и закон најавени за „првиот квартал од оваа година“.

МИО ќе има куп работа. Можеби најголемиот проблем е лошиот административен процес за регистрација. Нема онлајн регистрирање. За да регистрирате домен мора да пополните барање и да го однесете во МАРНет.

Но и таквото tête-à-tête регистрирање со куп документи кои ја „задоволуваат определени услови кои се во согласност со меѓународно утврдените стандарди“ не спречи инциденти како скватинг регистрирање на google.com.mk. Втора важна работа се можноста за регистрирање на неодамна одобрените интернационални домени, т.е кирилични домени.

Интересен пример за како се води домен е Црна Гора која е рекордер со својот .me домен кој се продава ширум светот.

Еве дел од реакциите на македонските интернет корисници, повеќе ќе најдете на пребарувачот на Twitter.

2 коментари на “ИТ.мк: Корисниците гневни на МАРНет

  1. Комплетно се согласувам, и мислам дека редно време е да се почне една широка иницијатива, и по интернет, и по телевизии, и петиции ако помогнат нешто, па на крај краишта и протести пред влада ако треба. Јас овде само сакам да си кажам дека многу ми пречи тоа што не може физичко лице да си регистрира домејн.

  2. Колеги, до кога ќе трпиме "кадарот" на МАРНЕТ да ги лечи своите комплекси и фрустрации врз нас, прикривајќи ја својата тотална инкомпетентност со бескрајна бирократија.
    Тоа што, верувам најмногу ги лути корисниците, е арогантниот однос од позиција на сила во известувањата и чести ригорозни измени на правилникот кој МАРНЕТ го интензивираше од неодамна. Крајно време е работите да се променат и надежно, министерството за информатика (жалосно звучи за таква институција) ќе се откаже од резилот и ќе ги предаде ингеренциите на компетентно тело во државава ..

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии