„Дигиталните содржини треба да бидат мултимедијални, односно да содржат текст, анимација, звук и презентација. Дигиталната наставна содржина треба да биде достапна во училиштата за време на наставата и да биде присутна надвор од наставата во домовите на учениците.“ вели министерот.

Целта на стратегијата (предлог стратегијата во .pdf фајл 1.1 MB) е да се стимулира интересот на ученикот, мотивирајќи го со електронска содржина со што ученикот покрај знењето ќе добие и „ИТ писменост“.

Еве неколку интересни точки од стратегијата:

  • Предложената стратегија врз база на анализа на актуелната состојба нуди план за развој, користење и надградба на е-содржини во образованието во РМ за периодот 2010-2015;
  • Е-содржините ќе бидат: презентации, интерактивни презентации, анимации, симулации, видео записи, аудио записи, дијаграми, мапи и текстови;
  • Е-содржината треба да е со вграден функционален интерфејс кој одговара на возраста на корисниците, со едноставна навигација, индекс на поими, помош и насоки за користење, дополнителни информации, известување за точност на одговори…
  • Е-содржините треба да се јавно достапни на македонски јазик;
  • Во наставните програми се посветува на стекнување на знаења, вештини и способности за користење на информатичката технологија во наставата и учењето;
  • Секоја е-содржина треба да функционира на Mozilla Firefox 3+ и Internet Explorer 7+  (интересно изоставен е Google Chrome, третиот најкорисен прелистувач);
  • Планот ги дефинира методологиите за избор на предмети, предлагајќи развивање на е-содржини кои ќе
    ги задоволат до одреден степен наставните потреби за три до пет предмети годишно, со што во текот на следните пет години, ќе бидат развиени содржини за најмалку десет предмети. Предметите кои би требало да се опфатат со е-содржини се од природно математички области, општествено хуманистички области и изучување на јазици;
  • Стратегијата ги посочува обуката на инволвираните институции и корисници, функционалност на техничката околина, планско одржување и надополнување на е-содржините како и потребните финансиски средства;
  • Реализација на „Компјутер за секое дете“ проектот;
  • Изработка на Електронски учебници – проекти како http://e-ucebnici.mk ;
  • Обука на наставници;
  • Предуслов и клучен фактор за имплементација на е-содржините во процесот на учење и поучување е постоењето на компјутерски систем кој овозможува сместување и организирање на е-содржините, со цел да им се пристапи од страна на корисниците. Врз основа на поставеноста на системот, можни се три решенија: Централизирано решение, Дистрибуирано решение и Софтверска архитектура;
  • Формирање на работни групи со цели и надлежности;
  • Процесот на изработка на една е-содржина започнува откако ќе биде идентификувана и избрана наставната единица и образовните цели и задачи кои со содржината треба да се постигнат. Првиот чекор е изработка на сценарио, кој е клучен фактор на одредување на потребните ресурси, како технички така и човечки. Сценариото е документ кој треба јасно да даде приказ за дизајнот на целата е-содржина, сите елементи од кои таа ќе се состои и како тие ќе бидат поврзани, нивото на интерактивност, како сите придружни објекти и особено детали кои се неопходни на тимот кој ќе го врши техничкото развивање на содржината;
  • ISTE Стандардите за ученици се состојат од 6 дела: Креативност, комуникација, Истражување и информатичка флуентност, критичко размислување, дигитално граѓанство, технолошки операции и концепти;
  • Општо за стандарди за образовен софтвер (SCORM);

5 коментари на “ИТ.мк: Ќе се дигитализира образованието

  1. http://www.inderscience.com/search/index.php?acti

    Intellectual disability is common and lifelong, with lifetime cost. Thus, this people have been the focus of recent major national policy developments in Europe, the USA, Australia and across high-income countries. The education of these students with disabilities now can benefit from a wider range of assistive tools. Following this unstoppable trend, this paper presents MAS, a software platform aimed to help people with severe intellectual disabilities and cerebral paralysis in their learning processes. MAS, as a technology enhanced learning platform, provides several tools that supports learning and monitoring for people with special needs, including adaptative games, data processing and monitoring tools. Installed in a special needs education institution in Madrid, Spain, MAS provides special educators with a tool that improved students education processes.

    Во секоја стратегија на Владата мора да се размисли за вклучувањето на луѓето на кои најмногу им значи социјалната вклученост. Во ЕУ агендите тоа е ставено како задолжително. Секој има подеднакво право на пристап до електронски информации, особено лицата со посебни потреби.Нивните представници ова мора да го побараат преку своите представници во државните институции и Невладините организации.

    1. http://www.inderscience.com/search/index.php?acti

      This paper speculates about the future of LMSs considering the upcoming new learning applications and technologies, and the different attitudes of learners and teachers, given their technological background described using the digital natives and immigrant's metaphor. Interoperability is not just a nice feature to have, but a must have feature for LMS if these systems are going to be the common place where the ICT empowered learning innovation happens. After analysing some standards and initiatives related to interoperability on LMS, the authors present an overview of the architecture for interoperability they propose. This architecture is being implemented for the well known open source LMS Moodle.

  2. Стратегијата е застарена уште пред да се примени.
    Во неа има толку грешки, шовинизми, фразерство, бладања, чисти занесувања и едноставно непознавање, што самата себе се дисаблира.

    Ова е дигитален еквивалент на „учебникот“, одраз на медиокритетната, резултатно-ориентирана и тесноумна, fast-talking, аматерска и малограѓанска субкултура која се пласира во јаднава наша Македонија.

    Остај, да не почнувам … :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии