ИТ.МК: ИТ обука на професорите, Entity CS тим

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Професорите „вежбаа, вежбаа и се навежбаа“. По два месеци професорите ја завршија ИТ обуката за користење на компјутерите за предавање и одржување на наставната програма. Професорите биле обучувани во Edubuntu, слободен софвтер за образование, а имало и специјалистичка обука за професорите по математика, латински, информатика. Како додатно помагало инструкторите од ФОН универзитетот објавија и книга.

„Издадена е книга, за Edubuntu и Open Office, и се направени упатства за секоја од тие апликации. Значи образовните апликации кои се предвидени во текот на обуката, истите тие се достапни јавно, бидејќи самата суштина на Edubuntu проектот, како оперативен систем е слободен софтвер“, изјави Иван Краљевски професор на ФОН за А1.

{mosimage}

Професорите изјавиле дека обуката била лесна и дека со компјутерите сега работата може да стане полесна.
А што мислат учениците?

„Иако ова не верував дека ќе им успее, се покажа дека успеало.
Баш во саботата, професорката по математика ни го објаснуваше програмот GeoGebra и како да работиме со него. Можам да кажам дека солидно го познаваше, и тоа ме прави доста среќен. :)“ напиша HijackHacker на форумот на IT.com.mk

Entity елиминирани
OhridNews.com пренесува дека Entity, Counter-Strike тимот кој моментално е во Москва на големото финале, се елиминирани во првото коло од бразилскиот тип „MIBR“ со 2:0.

„Самиот настап на светското финале во Москва за охриѓани беше голем успех, но веројатно нокаут системот на натпревари беше преголем психолошки товар за дебитантите на светската завршница, кои беа елиминирани уште во првата рунда од бразилски гејмери" пишува Ohridnews.com.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии