„Тешко може да му се нанесе штета на некого со објавување компромитирачки фотографии или видео ако луѓето не веруваат во неговата автентичност, колку и да е добро направена монтажата. Знаете, стравот од Интернет е претеран. На пример, објавувањето компромитирачки материјали на Интернет не е многу различно од делењето такви материјали по поштенските сандачиња. Прашање е како државата ќе се справи со тоа.“ вели Џое Мекнами од Европската асоцијациjа за дигитални права.

Текстот „Интернетот малку ги плаши Македонците“ можеби има поента дека „интернетот е страшен и има интернет-фобии“, меѓутоа 550.000 корисници, односно 1/4 од Македонија е на Facebook, друштвена мрежа наменета за споделување приватни информации, го покажува токму спротивното – македонците не се плашат од интернетот, туку учат како да си ги заштитат податоците и како да споделуваат корисни информации.

Поентата на сите дебати за безбедност е како слободно да го користиме интернетот без да се грижиме нашите податоци да бидат украдени, да се постават стандарди бидејќи 1.7 милијарди луѓе се онлајн. Но…

„Колку Интернетот е моќно оружје се гледа по тоа што глобалната мрежа се користи речиси во сите афери.“ пишува во текстот. Интересно, земени се примери од јавни лица кои се излетале и објавиле нешто на интернет. Но, тоа што го објавиле е глупаво, неодговорно и тие се јавни личности, некои од нив и на функција, па нормално е да бидат коментирани. Тоа не е вина на интернетот, на „големиот брат“, туку до критиките се стигнува бидејќи сега личните мислења се транспарентни. Да, интернетот овозможува транспарентност.

Неодамна имаше афера со докторката која објавила глупави фотографии на Facebook. Taa дефинитивно беше искритикувана, и се уништи угледот и кариерата, но зарем требаше да биде пофалена за нејзината глупост? Или да го пофалиме Сашо Аќимовски бидејќи со YouTube видео се откри дека како директор за пазарна инспекција удирал рекет? Браво!

Од друга страна, се отвори дебата за користење на тие приватни информации од приватни профили на друштвената мрежа. Дебатата наиде на слепа улица, се уште се бара начин како да се постават етичките принципи за користење на информациите од приватен профил. И тоа е зошто треба да се разговара, а не да се зборува за страв кој не постои.

Текстот потоа продолжува да пишува дека децата се небезбедни и дека нивните информации се злоупотребуваат. Но, иако е проблем и со сета почит кон Дирекцијата за заштита на податоци, проблемот не се децата туку родителите кои немаат поим што нивните деца прават на интернет. Постојат софтвери за заштита на содржината. Покрај тоа ако вашето 14-15 годишно дете е на интернет тогаш погрижете се да му објасните што да прави, што да споделува, што може да се случи…

Според Дирекцијата за заштита на лично податоци злоупотребата на информациите според нашите закони „можат да се санкционираат само ако спорната содржина е поставена (хостирана) на македонски Интернет сајт.“ Ова значи дека законот е несоодветен. Како може да нема соработка со Facebook во потрага по IP адреса за да се најде криминалец или идиот кој злоупотребува други лични податоци?

За крај, интернетот е алатка за споделување, поврзување и комуницирање. Ако не сакате да споделувате информации тогаш не го правите тоа. Ама ако закачувате глупави нешта на интернет, тогаш очекувајте да бидете критикувани. И да, критиките не доаѓаат од интернетот, туку од другите корисници. Затоа наместо дружење, плашете се од ближните! :P

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии