IT.mk или IT.com.mk? Сеедно… пак ќе дојдете на овој сајт

По четири години конечно успеавме да го добиеме IT.mk доменот со кој сега на сите посетител ќе им овозможи ме полесен пристап. Дали ќе внесете IT.com.mk или IT.mk вие ќе се најдете на овој сајт! :)

Приказната зад IT.mk доменот се влече уште од стартување на порталот, уште од 2008-ма година. До сега не можевме да го регистрираме IT.mk бидејќи според старите правила на МАРНет, ни требаше согласност од сопственикот на IT.gov.mk кој беше неактивен, но зафатен домен. Ниту Владата, ниту ние не сакавме да дадеме дозвола. Едноставно речено беше комплицирана ситуација.

Но, како што дознавме од неодамнешното интервју кое го направивме со директорот на новиот МАРНет, Сашо Димитријоски, регистарот сега се реформира со нов правилник кој ќе дозволи либерализација на домените, можност да се регистрираат од правни и физички лица, и можност секој да закупи домен по желба. Бидејќи IT.gov.mk е владин домен на неактивен сајт, и бидеќи .мк домените треба да бидат оставени за комерцијални цели, IТ.com.mk доби слобода и шанса да го грабне доменот IT.mk. Тоа и го направивме.

Сега сите вие: читатели, форумџии, критичари, хејтери, фанови и случајни посетители ќе имате полесен URL за паметење.

IT.mk или IT.com.mk? Сеедно… пак ќе дојдете на овој сајт

П.С. Кој знае можеби треба да се прекрстиме во ИТ.мк? :P

9 коментари на “IT.mk или IT.com.mk? Сеедно… пак ќе дојдете на овој сајт

  1. Уба работа шо го зедовте .мк домаинот, ама дали вреди? И оваа наша чудесна земја треба да работи по истиот принцип по кој што работат и другите фирми за регистрирање т.е. странските, а тоа е:

    Кој прв доаѓа, тој прв купува :)

    Така само ќе има просперитет не со дозволи со глупости…

  2. Е ова е една убава вест за ИТ.мк :) Сега може да го промените и логото. Не беше само IT сајт кој имаше проблеми со закупување на tl домени од ваков тип, исто имаше проблем и со закупување на eu.mk доменот од страна на Мкхост ми се чини…
    Се надевам МАРНет ќе се подобрат во иднина…

  3. Браво, конечно!!!
    Секако дека треба смените во IT.mk вие тоа го заслужувате!

    Останувам секојдневен посетител на вашиот сајт и ви посакувам мнооогу успеси!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии