ИТ.МК: Читателите се навикнаа на онлајн весници

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Во текст на весникот Нова Македонија во кој пишува дека македонските весници се поотпорни на економската криза споредбено со весниците од соседните држави, уредниците од неколку весници посочија дека читателите се повеќе се заинтересирани за онлајн изданијата. Според некои падот на тиражoт се должи на тоа што многу корисници едноставно одат онлајн бидејќи таму содржината е бесплатна.

„Тиражите опаѓаат последниве години кај нас. Сите весници веќе имаат и свои интернет-изданија, но проблемот е во тоа што тие изданија се бесплатни. Читателите веќе се навикнаа на бесплатни содржини и тешко ќе се смени нивната навика. Сепак мислам дека печатените весници нема никогаш да пропаднат, ниту кај нас, ниту во светски рамки“ вели Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиумите кој посочи дека весниците ќе можат да опстанат само од рекламирањето.

„Можеби ќе се опстанува само од рекламите на електронските изданија, како што веќе се случи во Велика Британија, каде што приходите од интернет-рекламите ги надминаа оние од рекламите во печатените изданија.“ рече тој.

{mosimage}

Според уредничката на Вест, Жане Ванкова иако онлајн изданијата се читани сепак неможе да се опстанува од нив бидејќи онлајн-рекламирањето не функционира.

„Се согласувам дека е проблем што интернет-изданијата се бесплатни. Вест има нов веб-сајт со многу посети, но кај фирмите нема развиена свест за онлајн-рекламирање“ изјави г-ѓа. Ванкова за Нова Македонија.

За потенцијалот на онлајн весниците и проблемот со рекламирањето слично говори и директорот на Утрински Весник, Ерол Ризаов.

„Што се однесува до онлајн-изданијата, проблемот е што самите огласувачи сè уште не се расположени за таму да огласуваат. Сите весници имаат онлајн-издание, но го нудат бесплатно. Нашите интернет-изданија се исти како печатените, за разлика од западните весници, каде што содржината во двете изданија се разликува.“ вели тој.

А какво е искуството на останатите балкански земји? Нова Македонија пишува дека само во Србија постои обука за онлајн-новинарство.

„Што се однесува до Интернетот, тој навистина им ја зема публиката на печатените медиуми. Сè уште огласувањата по порталите се слаби, но иднината е таму“ изјави претседателот на српските новинари Нино Брајовиќ.

По се изгледа дека весниците, било да е рецесија или не, се повеќе стануваат свесни дека нивната содржина е онлајн и бесплатна. А се повеќе и повеќе луѓе се „закачуваат“ на интернет и се навикнуваат со утринското кафе да читаат онлајн сајтови, наместо весник. Некои светски весници се уште се трудат да воведат некаков финансиски план да ја продавааат онлајн содржината, но проблемот е што може многу лесно да ги изгубат читателите кои едноставно ќе го променат сајтот/медиумот. Во право е г-дин Беличанец кога вели дека „тешко ќе се смени навиката на читателите“.

Национална стратегија за развој на широкопојасен интернет
На 16 Aприл 2009 година Собранието на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за развој на следна генерација широкопојасен интернет, со Акционен план за нејзина имплементација.

„Преминот кон нови генерации на мрежи е условен од побарувачката на услуги, апликации, содржини. За таа цел во стратегијата се предвидени мерки за обезбедување поголема побарувачка на електронските услугите кои треба да ги нуди јавниот сектор, а се утврдени и препораки за општините за нивен развој кон т.н. електронски општини. Во таа насока, потенцирана е важноста на локализираните јавни услуги, групирањето на побарувачката од јавните сервиси, можноста на реализирање на различни типови јавно-приватно партнерство во општините за развој на мрежи како и нудење на услуги од областа на комуникациите.

Широкопојасниот интернет овозможува креирање нови и иновативни услуги, апликации и содржини, го промовира развојот на нови услуги и го подобрува квалитетот на нивното испорачување до корисниците. Овозможува реорганизација на процесите за работа и производство и претставува основа за развој на информатичките и комуникациските технологии, кои претставуваат основни носители на продуктивноста и растот на економијата во државата.“ пишува во официјалното соопштение на Министерството за транспорт и врски.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии