ИТ министерот очекува младите стартапи да ги користат отворените податоци

Приватните компании треба да ги искористат отворените податоци за да креираат мобилни и веб апликации во служба на граѓаните, вели ИТ министерот Иво Ивановски на конференцијата за е-Влада. Отворените сурови податоци ќе бидат објавувани од пет институции, и ќе им бидат достапни на компаниите 24 часа дневно во дигитална форма. Компаниите ќе можат да профитираат од апликациите од крајниот корисник, што би требало да биде поттик за користење на јавните податоци, но, тоа ќе биде според „строго дефинирани правила и стандарди“.

Иако овој концепт беше најавуван уште пред две години, сепак се чини дека нема многу интерес од компаниите. Затоа е и овој повик од ИТ министерот, кој објасни дека набавката на системот е завршена и податоците наскоро ќе бидат објавени. Сепак, министерот вели дека и покрај незаинтересираноста на компаниите, има надеж дека младите стартапи ќе најдат примена на податоците, и ќе ги обработат во креативни и корисни сервиси.

„Најмногу интерес гледаме од студентите и од стартап компаниите што можеби се многу поискрени во ризикот што сакаат да го преземат со искористување на овие отворени податоци“.

Министерството за информатичко општество објави и сајт за отворени податоци, по примерот на многу европски земји и Eвропската Унија.

3 коментари на “ИТ министерот очекува младите стартапи да ги користат отворените податоци

  1. Или се податоците „отворени“ и се достапни за сите – физички лица, правни лица под либерална лиценца… или не се отворено, па се исклучиво „достапни на компаниите 24 часа дневно во дигитална форма“, според „строго дефинирани правила и стандарди“. Јас поима неамам што сака министеров да каже уствари, што би рекле, ни сам не знае за што зборува. На друг сајт беше посочено дека фирмите имаат проблем да работат со овие податоци бидејќи истите содржат доверливи лични податоци од граѓаните. Па ќе му каже ли некој на шалабајзеров од министер дека самите институции треба да усвојат процедури и стандарди за нивна анонимизација пред нивно објавување (си има литература која кажува како тоа се прави, не се бара да измислуваат топла вода), а не во неанимозирана форма да им се доставуваат на компаниите. Да сумирам, целава работа е тежок аматерски шминкерај и бла бла бла…

    1. Најверојатно дека „строго дефинирани правила и стандарди“ се однесува на почитувањето на приватност и мерки кои се земаат за да не се злоупотребат тие информации, да се наведе извор за кредибилитет на податоците итн, итн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии