ИТ Македонија: Отчет на МИО за изминативе 100 дена

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Ваучери за студентите, “Компјутер за секое дете“, „Светот на Дланка“ … овие проекти министерот Иво Ивановски ги даде како отчет од првите сто дена работа на Министерството за информатичка технологија (МИО). Сепак Македонија е далеку од информатичка земја, само 29% од населението имаат пристап до интернет, па се надеваме дека работата да се поврже целата земја со широкопојасен интернет нема да престане тука.

– Проектот „Компјутер за секое дете“ ги опреми средните училишта со компјутери за секој ученик и со пристап до интернет.

„Завршени се и инсталациите на комуникациските мрежи во 68 основни училишта, а во тек е и инсталирањето во повеќе од 200 основни училишта. Завршена е и техничката тендерска документација за следната набавка на електронска опрема која ќе биде потребна да се пополнат и останатите кабинети во основните училишта кои не беа опфатени со претходната набавка, како и опрема со која сите основни и средни училишта ќе добијат печатачи, мултифункционални уреди и ЛЦД-проектори со цел уште повеќе да се модернизира образованието“ рече Ивановски.

{mosimage}

Но машините не работат сами. Поголем дел од професорите немаат соодветно познавање за користење на компјутер. Посебно ако се земе во обзир дека на компјутерите е инсталиран Linux како оперативен систем, а не Windows на што повеќето во Македонија се навикнати. Најверојатно учениците знаат повеќе од професорите.

Можеби за обуката на луѓето во интернет технологијата ќе помогне „Светот на дланка“ кој е проект со кој во 15 градови беа отворени 15 интернет клубови со бесплатен интернет. Исто така се планира да се отворат уште четири во Штип, Струга, Крушево и Делчево.

Министерот Ивановски го престави и проектот за повржување на министерствата, кој е дел од „е-влада“ проектот.

„Целта е да се направи солидна инфраструктура меѓу сите владини институции. Во моментов се работи на овој проект и до крајот на ноември тие ќе бидат поврзани со фибер-оптичко влакно“ рече министерот.

Додатни проекти кои МИО ги даде на очет беа и електронското аплицирање за студентски стипендии и сместување по студенстките домови, системот за јавна набавка по електронски пат, ваучери за студентите, плаќање на административни такси преку мобилен телефон при вадење лични карти и судски такси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии