ИТ компаниите се највредните брендови во светот

Севкупната вредноста на 100-те брендови надминува 2 трилиони долари на чело со ИТ брендовите кои и покрај рецесијата, забележуваат пораст.

Google се уште останува единствен бренд кој вреди на 100 милиjарди долари, споредено со ланското истражување, додека ИБМ се искачи на второт место со пораст од 30 отсто на вредноста на брендот (83 милијарди долари), потоа следи Apple (83 милијарди) кој со пораст од 32% се најде на третото место за разлика од ланското 29-то. Четврт највреден бренд оваа година е Microsoft со вредност од 76 милијарди долари. Потоа следи Coca-Colа, Macdonalds, Mаrlboro…

На листата огромни искачување бележи Amazon.com кои од ланското 78 место скокна на 15-то место со пораст од 46% и вредност од 27 милијарди долари. Додека пак Nokia забележува најголем пад годинава, со пад на вредност од 58 отсто наоѓајќи се на 43-то место со вредност од 14 милијарди долари.

Оваа година на листата на највредните технолошки брендови за прв пат се додаде и Facebook со вредност од 5.5. милијарди долари. Интересно во истражувањето на Milward Brown при објаснување за вредноста на брендовите, за потребата за комуникација со корисниците и вредноста на нивната доверба, стои забелешка – „Не ги игнорирајте друштвените мрежи. Друштвените мрежи можат да бидат многу ефективни ако се автентични и во склоп со брендот.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии