ИТ Кариера профил: Виктор Петровски – фриленс Андроид девелопер

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?

Моментално работам како фриленс Андроид девелопер. Настојувам да имам “long-term” клиенти за да можам да се фокусирам повеќе на работа отколку барање на проекти, моментално работам со два клиенти.

Crewsade – Канадски стартап со кои работиме на социјална мрежа што ќе овозможи полесна комуникација, организација, споделување на слики и видеа измеѓу спортски тимови.

Vugo – Американски стартап кој нуди видео рекламирање во јавен транспорт. Апликацијата е наменета за таблет уреди кои се вградени во возила. Користиме Face-detection алгоритам кој детектира кога има патник при што апликацијата автоматски се активира и нуди занимација на патникот за време на возењето.

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)

3. Кои се најголемите предизвици при фриленс работењето и од каде најчесто работиш?

Работењето како фриленсер иако на прв поглед изгледа лесно и едноставно, има доста предизвици.

Многу често ќе се најдете во позиција да работите со клиенти од други временски зони со огромни разлики, па покрај флексибилноста што ја добивате за да работите кога сакате, истата флексибилност и прилагодливост треба да ја имате и према клиентот кога сте му потребен.

Како фриленсер најчесто не работите за фиксна плата, туку вие сами сте одговорни за колку ќе заработите неделава, самодисциплина и организирање на денот треба да ви се на високо ниво. Со ваков тип на работа нема простор за “влечкање”.

Фриленсингот од вас бара да сте комплетен. Треба да знаете како добро да се продадете за да ја добиете работата, да имате одлична комуникација и перфектно да ги завршувате зададените задачи бидејки можете многу лесно да бидете заменети.

Зависи како сум расположен…. Кога ми е потребна висока концентрација и тишина преферирам да работам од дома, а во Скопје често знам да работам во Broz или Public Room. Конкретно текстов го пишувам во Starbucks во Минхен. 😃

4. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?

Започнав со програмирање кога почнав со факултет, Финки ми даде солидна основа, ме научи како да пристапувам кон дадени проблеми и што се е потребно за да се изгради стабилен софтвер. Во моментот кога се решив да работам на андроид апликации за жал таков предмет немаше сѐ уште па морав да учам на своја рака. Константното креирање на апликации само за вежба, гледање на open-source проекти, читање на книги ме донеле до ова ниво каде што сум денес.

5. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?

5.1 Github.com
5.2 Upwork.com
5.3 androidresources.net
5.4 Trello.com
5.5 Stackoverflow.com

6. Кој е твојот омилен technology stack?

Android SDK, MongoDB, Node.js.

7. Омилена алатка/софтвер?

Дефинитивно Андроид студио само да не јадеше толку многу меморија и се ќе беше поубаво xD

8. Неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…

Програмирањето како и секој дел поврзан со технологија е гранка што се развива екстремно брзо и доколку сакате да бидете дел мора да посветувате многу време и енергија. Често пати особено на почеток ќе наидете на проблеми кои нема да знаете да ги решите со денови ( можеби и недели ) и тука не смеете да паднете психички.

Не губете многу време на одбирање на “перфектен” јазик за да почнете да учите, синтаксата на еден јазик е најмалиот дел од се што е потребно да станете солиден програмер. Изберете еден јазик денес почнете со работа, учењето на секој нов јазик оди два пати побрзо од предходниот.

Преферирајте читање на книги од гледање на видеа, книгите се многу покомплетни од видеата и најчесто нудат многу повеќе информации.

9. Неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…

Препорачувам никогаш да не престанете да се надоградувате секогаш да целите повеќе, да бидете самоуверени но не и тврдоглави, да сте во комуникација со поискусни програмери разберете и анализирајте ги нивните решенија, посветете време на свои проекти каде што ќе може да си играте со нови алатки и работи што сте ги научиле. Барајте open-source проекти на Github и разгледајте ги нивните решенија, јас научив премногу на овој начин.

Доколку сакате да прочитате повеќе совети за како да станете подобар девелопер можете да го прочитате мојот блог пост на WeTalkIt.

П.С WeTalkIt ви е одлична можност да почнете да се дружите со паметни дечки од индустријата.

10. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во вештачка интелигенција, blockchain технологии, cyber security, internet of things.


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии