ИТ Кариера профил: Петар Тотиќ од Hi-Tech Corp

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?

Моментално работам како Software Engineer во IT одделот на компанијата “Hi-Tech Corp.” во Скопје, која се занимава со производство на печатени електронски плочки (PCBs). Дел сум од проект за развивање на интерно ЕРП решение, кое вклучува веб технологии (fullstack). Со самото тоа што се работи за проект од вакви размери, работната позиција се состои од секојдневни предизвици и исполнување на роковите за зададените задачи, координација со колегите, па се до исполнување на одредени барања доставени од идните корисници на овој систем.

2. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?

Во последните две години од моето студирање се занимавав со фриленс работа, всушност и тогаш прв пат се стекнав со едно вакво искуство. За мене лично, најголем предизвик беше да се најде време за да се исполнат барањата кон клиентот, а воедно да не пати факултетот. Заедно работев на проект со уште двајца колеги, па најчесто времето поминато во работа беше или на Skype, или кај некого дома, со цел полесно да се координираме. Понекогаш одевме и во Public room, бидејќи тоа е едно од поретките места во Скопје каде што човек од мојата фела може да искуси една опуштена работна атмосфера.

Првиот контакт ми беше секако на факултет, но главното надградување и учење беше дома самостојно и на пракси, бидејќи на факултет има доволно време само за да се начнат основите на одреден јазик или технологија.

3. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?

3.1 Facebook
3.2 Youtube
3.3 9Gag
3.4 Stack Overflow
3.5 Zamunda

4. Кој е твојот омилен technology stack?

Бидејќи немам некој омилен “technology stack”, би рекол дека мој омилен програмски јазик ми е дефинитивно Python, бидејќи после контактот во текот на моето студирање, па и за мојата дипломска, сфатив колку е моќен. Поконкретно, би рекол дека ми се допаѓаат библиотеките за машинско учење – Keras, Theano, Tensorflow.

5. Омилена алатка/софтвер?

Дефинитивно Git, затоа што во денешно време не постои софтверска компанија/фирма што не го користи, затоа што многу ја олеснува работата во тим.

6. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…

Никогаш не се откажувајте од зададените предизвици, бидејќи со секој нов предизвик, се надградувате и станувате се поамбициозни и подобри.
И секако, многу кодирање. :D

7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…

Мислам дека не сум се уште толку развиен како човек од оваа бранша, но можам да кажам од моето досегашно искуство, дека човек никогаш не треба да се врзе само за една работа позиција, посебно ако е во 20-те години како мене, бидејќи секое ново искуство е добредојдено.

8. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во вештачката интелигенција и машинското учење. Кој знае, можеби за 10 години машините сами себе ќе се програмираат.


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии