ИТ Кариера профил: Горан Ѓоргиевски од InPlayer

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?

Моментално работам како Frontend Developer и сум повеќе насочен кон деловите со Javascript – React.js + Redux. Вклучен сум во повеќе апликации истовремено, коишто се поврзани со нашата главна платформа за монетизирање на дигитални содржини. Покрај програмирање, одговорен сум и за code reviews, пишување unit тестови, развој и поставување на архитектура на нашите апликации, итн.

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 🙂)


3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?

Сите три. Основите за програмирање ги добив на факултет – ФИНКИ, меѓутоа, истовремено морав да учам и да се усовршувам „на своја рака”, со помош на разни курсеви, книги, туторијали. Се разбира, најголемо влијание од сè, според мене, има работното искуство.

4. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?

4.1 stackoverflow.com

4.2 github.com

4.3 facebook.com

4.4 youtube.com

4.5 gmail.com

5. Кој е твојот омилен technology stack?

Javascript – React.js + Redux + Webpack

6. Омилена алатка/софтвер?

Atom, ReactIDE (coming soon 😊)

7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…

Учете од повеќе извори. На почеток пробајте повеќе насоки – web development, mobile development, frontend, backend, бидејќи повеќето од вас нема да знаат што точно сакаат да работат уште од самиот почеток. Ќе почнете да се насочувате кон нешто поконкретно дури подоцна додека работите.

8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…

Читајте книги за програмирање – мене многу ми помогнаа и многу научив од книги со примери од кодови. Програмирањето е многу позабавно и полесно кога имате добар тим со којшто работите. Многу е подобро кога некој друг го користи вашиот код и може да ви укаже на делови коишто може да се подобрат или пак да ви помогне со некој проблем.

Редовно следете ги најновите „трендови” и updates на технологијата со којашто работите – многу често експериментирајќи со нови нешта, го наоѓам она што навистина ми помага. Open source.

9. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во вештачка интелигенција, business intelligence (визуелизации, Big Datа) и секако Javascript 😊


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии