ИТ Кариера профил: Благоја Евкоски од Netcetera

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?
Во моментов работам развој на iOS и Android мобилни апликации за неколку швајцарски медиумски компании. Тоа вклучува имплементирање функционалности, интегрирање third-party системи, анализа и естимации на работни задачи и достава на нови верзии од апликациите до корисниците и тимовите за контрола на квалитетот.

Освен тоа, пишувам и објавувам технички статии и придонесувам кон развој на еден од open-source проектите на Netcetera.

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување :))

Работам со три монитори. Едниот го користам за интернет прелистувач и дебагирање. Вториот го користам за програмирање. Мониторот на лаптопот го користам за комуникација. Седам исклучиво на фитнес топка бидејќи имам откриено дека е подобро за мојот грб. :)

3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?
Почнав да учам во средно училиште. Првите посериозни чекори ги направив на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, каде научив многу. Програмата на факултетот е прилично широка и овозможува студентот самиот да одбере за кој дел (или делови) од компјутерските науки ќе се специјализира.

Многу научив и преку онлајн курсеви на Coursera. На пример, со знаењето што го стекнав на еден од тие курсеви, успеав да развијам едноставна видео игра со наслов “Ninja Saviour.”

Исклучително корисни ми беа и студентските пракси во земјава и странство.

Технологиите со кои работам моментално ги научив самостојно, откако завршив со додипломските студии.

4. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?
4.1 GitHub – домот на open-source заедницата

4.2 JIRA – софтвер за следење на напредокот на проекти

4.3 Medium – често пишувам статии за програмирање

4.4 Wikipedia – доста корисен сајт :)

4.5 info.skopska.mk – кога не возам велосипед, се возам со автобус :)

И секако, стандардните, Google, Facebook, YouTube…

5. Кој е твојот омилен technology stack?
React Native + Node.js + Skele (open-source framework креиран од Netcetera)

Бонус: + MongoDB + Heroku

6. Омилена алатка/софтвер?
Snack за развивање едноставни React Native апликации онлајн. Postman за тестирање и документација на API. Slack за комуникација.

7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…
Ги охрабрувам да започнат со формална едукација по компјутерски науки. Во мојот случај тоа беше навистина корисно. Меѓутоа, да бидат подготвени и за учење надвор од тие формални рамки. Денес, секој програмски јазик или компјутерска алатка може да се научи преку онлајн курсеви. Треба само труд и трпение.

Пред некое време напишав статија наменета токму за почетници во светот на програмирањето, којашто им препорачувам да ја прочитаат.

8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…
Да не се врзуваат за програмски јазици и алатки – да бидат флексибилни во тој поглед. Да придонесуваат кон развој на open-source софтвер. Да не се плашат да експериментираат и она што ќе го откријат да го споделуваат преку технички статии и презентации на конференции.

9. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во функционалното и реактивното програмирање. За развој на мобилни апликации, иднината е во алатки како React Native и Flutter.


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии