Истражување за мапирање на ИТ Кариера

Во изминативе години ИТ секторот во Македонија расте со голема брзина, па затоа сакаме да добиеме увид во реалната состојба на платите, начинот и условите во кои работат програмерите, девелоперите, дизајнерите и е-маркетерите во Македонија. Иако ДЗС нуди просечна плата во ИТ индустријата, истражувањата не навлегуваат во детали за користени платформи, алатки, клучни критериуми при одбирање на работно место и сл.

Со цел создавање на подобра слика за индустријата, ве повикуваме да ни помогнете да ги добиеме овие информации со пополнување на кратка анонимна анкета, а ние ветуваме дека резултатите ќе ги споделиме јавно штом бидат обработени. Би ценеле доколку го споделите овој линк и со колегите. 😊

💻 Програмирање/ девелопмент – https://goo.gl/forms/qQAhfPVfcy0w5EZ42
🎨 Дизајн – https://goo.gl/forms/VkGX0fC3HiOMPl0E2
📊 Дигитален маркетинг – https://goo.gl/forms/eJzvzq0JEPdvnVVt1

Работите во ИТ гранка која не е опфатена во горните три? Кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии