ИТ Индекс: Polar Cape – шведска компанија која развива софтверски решенија во Македонија

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Полар Кејп почна со работа во 2010 година во Шведска, а канцелариите во Македонија се отворени во 2012 година.

2. Од кого е основана компанијата?
Компанијата е основана од група ИТ консултанти, софтвер инженери и девелопери, ентузијасти, чија визија беше да развијат поинаков концепт за бизнис, да создадат компанија која се фокусира на создавање на посебна интерна култура, третирајќи го човечкиот ресурс како најважен сегмент, истовремено ориентирајќи се кон обезбедување на комплетни, иновативни и квалитетни решенија и целосна поддршка за клиентите.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте
Првиот проект на кој работеше Полар Кејп беше за шведскиот телекомуникациски гигант Теле 2.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Првиот тим броеше четворица.

5. Колку вработени сте сега?
Компанијата моментално има 70 вработени на две локации, половината во канцелариите во Скопје, Македонија и над 30 во Стокхолм, Шведска.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Полар Кејп моментално нуди консултантски услуги вклучувајќи софтверски решенија, развој на апликации, тестирање и одржување на системи, дата анализа, бизнис планирање.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Кога прв пат се разговараше за концептот, бевме свесни дека технологијата, компетенциите и експертизата иако се многу важни, нема да нѐ издвојат од другите ИТ и консултантски компании. Низ искуството сфативме дека визијата за создавање на одлично работно место од секој аспект и постојаното подобрување на работните услови треба да се негува. Грижата за вработените, чувството за припадност, довербата, се само дел од факторите. Позитивното искуство во консултантска компанија е тесно поврзано со задачите. Менаџментот и сите кои се вклучени во процесот, активно работат на развојот на секој од вработените, нудејќи флексибилност во секој поглед, што подразбира и промена на работните задачи доколку е потребно.

Веќе четврта година сме дел од анализите на институтот Great Place to Work кој преку посебни  методи и анкети ги рангира компаниите врз основа на успехот во оваа сфера. Првата година во 2015 бевме на 7 место, добивме многу корисни забелешки за области во кои можеме да имаме подобрување. Следната година бевме на 4 место на ниво на Шведска, па следеше одличното 2 место во 2017. И на огрoмно изненадување и задоволство годинава, сме прогласени за најдобро место за работa. Драга ни е оваа награда бидејќи дојде во период на промени, раст на компанијата, преселба во нови работни канцеларии итн. Сега предизвикот да ги задржиме вредностите на компанијата, интергитетот, флексибилноста и квалитетот во работата и секојдневните односи, е уште поголем.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Работиме на повеќе проекти од сферата на телекомуникациите, медиумите, системи за електронска наплата, вештачка интелигенција. Од поголемите би ги издвоиле СРС, еден од најголемите шведски системи за рециклирање, Теленор, проектот Аифлу кој се базира на вештачка интелигенција, Пејнова и др.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
На македонската ИТ сцена ѝ недостига комуникација и споделување на искуства и знаења. Бидејки конкуренцијата е навистина голема, особено во однос на човечките ресурси на пазарот на трудот, компаниите имаат тенденција да се изолираат. Има извонреден кадар и потенцијал во Македонија на кој треба да му се овозможи раст низ употреба на нови и актуелни технологии и простор за креативност и иновативност. За жал, тоа не може секогаш да се постигне во рамките на секојдневната рутина и работна динамика. Се обидуваме како за нашите вработени така и за пошироката заедница да организираме сесии за пренесување на знаење како и дебатни теми на актуелни прашања. Така дојдовме и до иницијативата која прерасна во Polar Talks. Во рамките на можностите и времето организираме настани кои имаат дебатен карактер, и за таа цел каниме поединци од различни компании да споделат свое мислење на одредени теми.

Нудиме одлични услови за професионален и личен развој. Организираме семинари, пракси, работилници, тренинзи, интерни курсеви, презентации, менторство, учествуваме и спонзорираме конференции и дебати како JavaSkop, Polar Talks, Eureka Sessions, Java2Days, JavaCRO. Отворениот дијалог и комуникацијата се предуслов за создавање на средина на доверба и пријатна атмосфера. Максимално сме насочени кон споделување на знаење и заемно помагање.

10. Што ќе работи PolarCape во 2023 година?
Имаме долгорочни планови и стратегии за нови проекти. Сега за сега прва цел ни е да достигнеме бројка од 100 вработени до 2020 година.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Во Полар Кејп славиме сѐ – секој личен успех, нов проект, нов клиент.

Имаме тим билдинзи на интересни локации, патувања, турнири во пинг понг, часови по зумба, аеробик, пилатес, спортско качување, параглајдеризам, падобранство, планинарење, рафтинг.

Официјален сајт:
http://polarcape.com/

Polar Cape на друштвени канали:

Facebook / LinkedIn / Instagram

Посетете го профилот на Polar Cape на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии