ИТ Индекс: LeanSEM – дигитална агенција специјализирана за креирање брзи и значителни резултати за своите клиенти

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа?
Компанијата е официјално регистрирана во 2015.

2. Од кого е основана компанијата?
Основачи на LeanSEM се Ненад и Мери Молеровиќ – семејство со визија да изгради премиум дигитал маркетинг агенција.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Понудивме издржан бизнис модел кој може да овозможи и до 15 пати повеќе фокус и посветена енергија за платените Google кампањи за нашите клиенти. Понатаму, дозволивме резултатите да говорат сами за себе.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Само двајца. И една визија.

5. Колку вработени сте сега?
Сега сме 9 со замисла да бидеме повеќе од 99.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
LeanSEM е премиум дигитална агенција која е специјализирана за креирање брзи и значителни резултати од платени кампањи на Гугл и Фејсбук. Ова го постигнуваме преку нашата заложба на услугите кои ги нудиме да гледаме како на комбинација од посветеност, одговорност, партнерство, иновација и секако резултат.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Нашата конкуренција се PPC агенциите од Силиконската Долина. Она што нè издвојува од нив е нашиот know-how во областа на дигиталниот маркетинг. Работиме со проверена методологија изградена од лично искуство менаџирајќи преку 100 милиони американски долари во последните 10-на години.

Дополнително, квалитетот, вниманието на деталите и брзината што ги нудиме се недостижни за повеќето од нашите конкуренти.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Нашите клиенти се иновативни компании од Силиконската Долина на кои не им треба посебно претставување – MasterClass, Upwork, LendingTree и многу други.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Единственото нешто што мислиме дека треба да се промени е самата култура во фирмите. За тоа не се потребни никакви ресурси, туку само желба.

10. Што ќе работи LeanSEM во 2023 година?
Компаниите со кои работиме се едни од најиновативните во САД. Луѓето кои работат во овие компании се бизнис атлети кои креираат вистински вредности со нивните производи и услуги. Ним им е потребна нашата помош и ако не знаеме како да им помогнеме нема да постоиме како агенција. Затоа, континуирано настојуваме нашите резултати и дела да бидат препознаени од најголемите компании и умови во светот. Стремиме постојано да сме во чекор со светските трендови и да бидеме иноватори.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Во LeanSEM не постојат два исти работни дена!

Официјален сајт:
https://leansem.com/

LeanSEM на друштвени канали:

Facebook / LinkedIn

Посетете го профилот на LeanSEM на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии