ИТ Индекс: Digital Present – треба да се искористи креативниот потенцијал

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

Датум кога официјално започнавте со работа:

Digital Present во Дебар Маало, Скопје, Македонија започна со работа во 1-ви јули 2015 година.

Од кого е основана компанијата?

Компанијата е со приватен капитал, основана од Иван Јанков.

Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:

Првата услуга ни беше изработка на комерцијални веб страни, а првата веб страна ни беше кошула.мк која и ден денес функционира.

Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?

Започнавме со тим од тројца. Тие се – Иван Јанков, Петар Петровски и Огнен Петровски кои и денес се дел од фирмата како CTO и Lead Дизајнер во Скопје. Почетокот беше во простор помал од 80м², со позајмени столици и ресторански маси кои ни ги позајми еден познат скопски ресторан кој беше во наша близина. Работевме на свои компјутери со цел средствата да ги инвестираме во нови вработени. Аплициравме насекаде за да добиеме кредит и за жал не успеавме да добиеме ни мал, наменски кредит за компјутери. Секоја заработка беше искористена за покривање основни средства, опрема и за се покријат трошоци. И од гледна денешна точка се радуваме што не запревме и покрај сите пречки зошто сиот труд и знаење досега стекнато навистина вредеше.

Колку вработени сте сега?

Уште од почетокот битно ни беше да растеме квалитетно и тимски. Кај нас битен е пред се квалитетот наспроти квантитетот. Денес имаме тим од 10 луѓе и се уште го прошируваме тимот. 

Функционираме како креативно веб-девелопмент студио кое развива и наши платформи. Секој што сака да стане дел од нашата приказна го покануваме да не посети во нашата канцеларија и секако веб страната каде ги постираме и отворените позиции.

Кои се услугите и производите во кои специјализирате?

Ние сме специјализирани за креативен веб девелопмент и e-commerce платформи. Воедно нудиме и целосен развој на мобилни апликации и се разбира веб одржување. Користиме React, React Native, PHP, Node.Js, Next.Js и WordPress.

Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?

  • Тимот, организациската култура, работната атмосфера и дружбата. Сите сме на исто рамниште и сите ги третираме исто. Сите ние имаме иста цел и тоа нѐ движи како креативна ИТ компанија да понудиме високо-квалитетно дизајнирани сервиси и продукти, од стратегија до имплементација и одржување. 
  • Имаме флексибилно работно време, слобода – даваме простор кој кога сака да си ги заврши своите задачи, да се доразвива професионално и да има квалитетен life-work баланс. 
  • Имаме и супер бенефиции кои вклучуваат годишен план на обуки, патувања и приватно здравствено осигурување. 
  • Нудиме одлични можности за професионален развој и напредок во кариерата. Горди сме што секоја година сме дел од awwwards.com конференции, присуствуваме и на најпознатите технички конференции и тренинзи без разлика дали како како говорници, спонзори или посетители. Сакаме хакатони за иновации, и уживаме во градење на сопствен кадар
  • Од настани од забавен карактер, имаме “среќни вторници и петоци” и секако редовни тимски активности.

Кои се клиентите со кои соработувате?

Најголемиот дел од клиентите ни се од Америка, Канада и Бенелукс земјите. Досега имаме работено и работиме со Lotus, Lamborghini, Ameri 100 (компанија која е на Nasaq берза), за голема инфлуенсерска платформа, блокчеин платформа. Имаме долгогодишен клиент од e-commerce индустријата со над 20.000 продукти и 20 годишно постоење во Белгија, а во Македонија допрва ќе работиме и на веб страна за најголемиот трговски центар – Eastgate. Гордо може да кажеме дека сме добитници и на неколку награди од awwwards.com i cssdesignawards.com што не прави дел од ретките добитници во државава и регионот.

Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?

Сметам дека треба повеке да се искористи креативниот дел што го поседува нашиот народ. Сите талентирани и креативни луѓе треба да се охрабрат и да превземат иницијатива,од својата визија да започнат свежа бизнис приказна, и преку тоа, да ја презентираат и пласираат услугата или производот кој ке го креаираат на светско ниво,за конечно да се  излезе од призмата на аутсорсинг моделот кој за жал е наметнат поради ценовната разлика.

Што ќе работи Digital Present во 2023 година?

Kреативен веб девелопмент,  e-commerce платформи во наша сопственост, AR продукти и креирање на игри.

Споделете еден “fun fact” за вашата компанија.

Има многу, но од поинтересните би ги избрале следните:

  • Креиравме веб страна и друштвени медиуми за НБА кошаркарот – Богдан Богдановиќ 
  • Имаме и свои  вибер стикери за внатрешна употреба
  • Колку што имаме вработени толку имаме рипки. Секој вработен си има своја рипка.
  • Сите имаат слободен ден за својот роденден.
  • Ова лето дизајн тимот ќе оди на еден остров во соседството каде ќе ја креира новата веб страна на Digital Present 
  • Сакаме и спорт. Бевме спонзори на женски одбојкарски тим од Скопје.
  • Лојални поддржувачи сме и на StartUp Weekend. Неодамна добивме и пофални зборови за менторски придонес. 
  • Едвај чекаме да ни стигне електричниот велосипед што сакаме да го користиме во иднина и како службено возило :)

Официјален сајт:

digitalpresent.io

Digital Present на друштвени канали:

Facebook / LinkedIn / Instagram  / Behance

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии