ИТ Индекс: Devsy – компанија која нуди креативни софтверски решенија

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Официjално започнавме со работа во февруари 2015 година.

2. Од кого е основана компанијата?
Основач на компанијата е Илчо Бојчевски, чие резиме се состои од успешно основање и раководење со ИКТ компании во Македонија.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првата понудена услуга за клиент со кој соработката сè уште трае, е изработка на платформа за проектна колаборација и организација, насочена кон професионалци од медиумската и креативната индустрија. Оваа платформа ја користат многу реномирани продукциски компании и големи корпорации, меѓу кои е и Apple.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Првичниот тим беше составен од тројца софтверски инженери и еден графички дизајнер, за денес бројката да надмине дваесет членови.

5. Колку вработени сте сега?
Компанијата има над дваесет и пет вработени.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Нашата специјалност се анализа и изработка на веб и мобилни апликации, креативен дизајн, а исто така нудиме и консултантски услуги, како и услуги во полето на дигитален маркетинг.

Наша експертиза во поглед на технологиите за развој ги вклучува Node.Js, ReactJS, AngularJS & Angular, PHP, Ruby, Java, .NET, ObjectiveC, Swift, Kotlin и други.

Покрај нашето сервисно ориентирано портфолио, работиме и на наши проекти и продукти, кои моментално се во изработка и се надеваме дека многу наскоро би лансирале нивна Бета верзија.

Досега имаме лансирано мобилна апликација за Android уреди, Netsy, која врши пресметување на нето плати и визуелно претставување на трошоците, кои македонските работодавачи се законски обврзани да ги подмират за нивните вработени. Наскоро, оваа апликација ќе биде достапна и за iOS уреди.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Се издвојуваме од конкуренцијата во поглед на културата која ја негуваме и самата организација на работата при развој и нудење на нашите услуги.

Во Devsy негуваме опуштена атмосфера за целокупниот тим, каде секој си ги извршува работните обврски во ведро и мотивирачко опкружување. Покрај нашиот непосреден однос и воспоставената рамна и агилна структура, поттикнуваме и постојано споделување на знаења и искуства, кои произлегуваат од секојдневните предизвици во работата со нашите клиенти. Нашата синергиска и ентузијастичка култура мотивира константно учење и надградување, како и постојано следење на нови технологии, што дополнително ни дава мотив кон достигнување на нови предизвици.

Нашата организација на работењето им нуди на клиентите сеопфатна услуга, од истражување и анализа до решение, континуиран развој, поддршка и одржување, притоа користејќи ги најновите методологии и имплементација на концепти водени од најдобрите практики за развој на софтвер. Самиот факт што дел од нашите клиенти се големи корпорации, укажува на тоа дека нашиот пристап и методологија на работа соодветствува со нивните стандарди и потреби кои се поврзани со развојот на нивните продукти. Нашиот професионален пристап кон правилно развивање на софтвер, често резултира со прифаќање на совети од страна на нашите клиенти за подобрување на практиките и методологиите, кои тие ги користат при развојот на нивните продукти.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Нашето портфолио содржи клиенти од целиот свет. Овој глобален footprint опфаќа големи корпорации, но и мали и средни компании од различни индустрии, од кои некои се со ограничени, а некои со милионски буџети за инвестирање во нивните продукти. Работиме за компании чии клиенти се добро познати во светот на технологијата, како што се Apple, Yahoo, Foster and Partners, како и клиенти во градежната и транспортната индустрија каде софтверот е таргетиран кон нивните крајни корисници.

Досега имаме изработено повеќе комплетни софтверски решенија за нашите клиенти. Некои од нив ги вклучуваат следниве:

● Изработка на платформа за анализа, мониторинг и менаџирање на дигитални маркетинг кампањи, како и визуелизација и мерење на метриките, кои се показател за успешноста на тие кампањи.
● Континуиран развој и имплементација на платформа за проектна колаборација и организација наменета за професионалци од креативната индустрија, која се користи од страна на светски реномирани медиуми, продукциски и пост-продукциски компании;
● Континуиран развој и изведба на веб и мобилна платформа за маркетинг анализа и спроведување на програми за лојалност кај потрошувачите кои купуваат во големите шопинг центри;
● Изработка и одржување на Central Data Repository систем за колаборација помеѓу вработените на корпорација од машинската индустрија со над 10.000 вработени;
● Комплетна анализа и изработка на multi-platform решение за дигитализирање на процесите и евидентирање на работењето, како и контролирање на протокот на материјали и репроматеријали за голема компанија од градежната индустрија;
● Многу други веб и мобилни решенија за клиенти во услужните индустрии.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Поголемо инвестирање на компаниите во нивните вредности, како и фокус кон понуда на квалитетни услуги и сопствени продукти, со помал акцент на outsourcing услуги.

Би се стремеле кон организација на настани за мотивирање на поголема поврзаност и отвореност на Македонија кон надворешните пазари, преку размена на знаења во областа на имплементација и развој на нови технологии, како и таргетиран пристап на компаниите до самите пазари каде што ќе можат да ги понудат своите услуги.

Покрај ова, би направиле систем за споделување на знаења и искуства помеѓу луѓето кои работат во оваа област во Македонија, како би придонеле кон една симбиоза и надополнување на профилите кои се поврзани со ИТ светот и би можело да се створи јака македонска ИТ заедница.

10. Што ќе работи Devsy во 2023 година?
Нашата визија е да прераснеме во технолошки центар, кој ќе нуди услуги за развивање на софтверски решенија, како и понуда на свои продукти, користени за развивање и одржување на комплексни решенија.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Февруари можеби е најкраткиот месец во годината, но нам ни е месец кога имаме најмногу прослави на родендени! Скоро секоја недела во февруари прославувавме по 1-2 родендени неделно, со превкусни торти. :)

Официјален сајт:
www.devsy.com

Devsy на друштвени канали:

LinkedIn / Facebook / Twitter / Instagram

Посетете го профилот на Devsy на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.