ИТ Индекс: Cosmic Development – канадска софтверска компанија која развива и иновира софтверски и мобилни решенија 

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа: 
Cosmic Development во Скопје, Македонија започна со работа во февруари, 2011 година. 

2. Од кого е основана компанијата? 
Cosmic Development е глобална ИТ компанија во приватна сопственост на Рајан Милнес и Крис Павловски.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте: 
Почнавме во 2011 година, како фирма која нуди ИТ услуги за веб решенија.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим? 
Започнавме со тим од осуммина во Скопје во простор помал од 90м² со надеж дека ќе допринесеме кон зголемување на работните места. Денес желбата не е сменета и среќни сме што имаме канцеларии на врвот на Менхетен од 350м² во Скопје и уште 3 одлични канцеларии во Торонто, Битола и Белград.

5. Колку вработени сте сега? 
Во моментов заедно со останатите локации во Битола, Белград и Торонто броиме 200+ вработени.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате? 
Специјализирани сме во решенија за веб и мобилни апликации, софтверски развој, социјални медиуми, аутсорсинг, консултантски услуги и развој на нови продукти.

Имаме експерти за Java, .NET,  PHP, C, SQL, Python, JavaScript, WordPress, Android, iOS и пасија ни се нови технологии.

Развиваме динамични веб и мобилни апликации, решенија за е-трговија, апликации за портали, апликации со CMS. Нашите тимови внимателно го планираат и анализираат секој чекор од процесот на развој на софтвер за да обезбедат супериорни резултати. Покрај овие услуги нудиме дигитален маркетинг, продажба и виртуелна помош.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?

  • Луѓето, организациската култура, работната атмосфера и дружбата. Во Cosmic Development нe постои однос на менаџер-вработен, сите сме на исто рамниште и сите ги третираме исто. Сите ние имаме иста цел и тоа нѐ движи да како ИТ компанија да понудиме високо-квалитетни сервиси и продукти, од стратегија до имплементација и одржување. 
  • Имаме флексибилно работно време, автономија, слобода и бенефиции што ретко може да се сретнат во другите компании во регионот. Даваме простор кој кога сака да си ги заврши своите задачи, да се доразвива професионално и да има квалитетен life-work баланс.

  • Нудиме одлични можностите за професионален развој и напредок во кариерата. Горди сме што секоја година присуствуваме на најпознатите технички конференции и тренинзи без разлика дали како како говорници, спонзори или посетители. Сакаме хакатони за иновации,  и уживаме во градење на сопствен кадар – впрочем нашиот CTO започна во Cosmic Development како практикант. 
  • Се грижиме за среќата на нашите вработени и нивното семејство. Се радуваме на нивните среќни моменти. Секој наш вработен што станува родител добива бебе пакет и можност да работи флексибилно од дома без разлика дали се работи за еден месец или повеќе. 
  • Вљубеници сме во добра храна и имаме своја кујна. Сакаме кога доручкуваме заедно. Имаме креирано апликација за нарачка преку која секој наш вработен добива свежа и готвена здрава храна секој ден.  
  • Сакаме да се забавуваме заедно. За нас е сосема во ред некој да се забавува на работа, се додека си ја заврши својата работа. Имаме посебна гејминг соба (што е скоро колку еднособен стан). Организираме и спортски активности: трчање, планинарење, кошарка, одбојка, фудбал, пливање. Од настани од забавен карактер, имаме “среќни петоци” со пуканки и пиво, отворени друштвени настани без разлика дали е тоа на базен или во нашите простории на коктел собир. И секако нашите тим билдинзи и журки се легендарни!

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Горди сме што 90% од нашите клиенти ни доаѓаат преку препораки од постоечки клиенти и тоа за нас кажува доста. Во изминатите години и денес работиме сеуште со голем број на  светски и брзорастечки ИТ компании, како што се Rumble.com, Bookmark, Some Spider, MD, LittleThings, Fantasy Draft, Flash Wireless, Americas Funniest Videos… а допрва ни се приклучуваат и нови.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Cosmic Development е компанија посветена стратешки и на помагање на ИТ и стартап заедницата. Ние би сакале да видиме нови иновативни и успешни македонски стартапи, а за тоа е потребна сериозна инвестиција во добро опремен научно технолошки парк каде било кој би можел да дојде, да се консултира и да изработи од идеја до финален продукт со соодветно менторство. 

Во нашите нови простории во Скопје ние и нудиме и простор и поддршка за кој сака да дојде, да работи со својот тим со цел развивање на нивната идеја без трошоци за изнајмување.

Како и досега така и понатаму планираме активно да подржуваме и учествуваме во организирање настани, обуки и пракси за студенти. Бевме домаќини на DIGIT, настан за изработка на платформа за позитивни социјални промени организиран од СП Финки. Рредовно држиме предавања и сме гости на скоро сите настани од студентските организации на техничките факултети во Скопје и Битола. Несебично ќе продолжиме да споделуваме знаења како ментори, говорници, судии на битни хакатони и конференции што допринесуваат за развојот на идните млади лидери и секако, нашата ИТ заедница.

10. Што ќе работи Cosmic Development во 2023 година?
Ќе го “освоиме” и Марс :)

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Има многу, но од поинтересните би ги избрале следните:

  • Нашите луѓе се чуствуваат како дома. Слободни се и да носат и влечки ако сакаат.
  • Kога е жешко и неподносливо знаеме да ‘земеме’ #remoteworkday и сите заедно да работиме покрај базен, каде се забавуваме и разладуваме. За нас работата вклучува и забава.

  • Ја сакаме природата и зеленилото и сме поборници да не се употребува пластика, а доколку користиме гледаме да е повторно употреблива. 
  • Секое наше растение си има свое име и се грижиме за секое како да е наш вработен. 
  • Сакаме и спорт. Бевме спонзори на женски младински фудбалски тим од Битола #zfktopgol за кој веруваме дека еден ден ќе бидат и национални играчи.

  • Лојални поддржувачи сме и на Macedonia2025. Неодамна добивме и специјална награда и благодарност. Едниот од сопствениците на Cosmic Development е дел од бордот иј како член на бордот несебично е посветен кон раст и привлекување на останати компании да инвестираат во Македонија. 
  • Во Cosmic Development и нашите гости имаат слобода да ја изразат својата креативност. Сакаме кога некој допринесува креативно :)

Официјален сајт:

http://cosmicdevelopment.com/

Cosmic Development на друштвени канали:

Facebook / LinkedIn / Instagram  / Twitter

Посетете го профилот на Cosmic Development на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

1 коментар на “ИТ Индекс: Cosmic Development – канадска софтверска компанија која развива и иновира софтверски и мобилни решенија 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии