ИТ форум: Дали таблет компјутерите се аут?

На форумот на IT.com.mk се води интересна дискусија околу потребата од таблет компјутерите. Според анкетата, скоро 52 отсто од форумџиите сметаат таблет компјутерит ене се потребни ако имате „фаблет“, односно телефон со огромен екран, често поголем од 5 инчи. Ваквите „фаблети“ се хит меѓу корисниците и компаниите бидејќи се огромни уреди во кои може да се смести повеќе батерија и со тоа се овозможува поголема моќ на процесорот и меморијата; и имаат екран од 5 до 6 инчи што е сосема доволно за сурфање, дури и за гледање на HD филмови. Tрендот на фаблетите го започна Samsung со Galaxy Note телефоните, а продолжува со Аpple и најновите iPhone 6 Plus кој има 5,5 инчен екран.

„Таблетите ќе излезат од budget friendly сегментот и ќе заминат во ултра премиум класата. Ова ќе се случи со iPad Pro кој очекувам да биде со ОS X наместо iOS т.е. celosna десктоп оперативен. Слично размислува и Microsoft кој веќе некое време ја продава својата Surface Pro 3 машина со цени од 900 до 1.400 долари“, Xenon дава интересно предвидување.

Тhe_Man додава дека таблет компјутерите секогаш ќе останат „најдобар електронски уред за читање,во иднина може ќе купуваме онлајн весници и ќе ги читаме на таблет. Е сега кога ќе се користи само за читање може со години да тера, да речеме и до пет години За видеа и игри таблетите се аут, ќе бидат замени со вакви конзоли или за casual гејмерите ќе може само џојстик да си докупиш зошто телевизорите ќе доаѓаат со Android TV“.

Но, 32 отсто од форумџиите што одговориле на анкетата велат дека таблет компјутерите се корисни. FilipKir вели дека со нив најмногу ужива во читање. „Јас сурфам на таблет само кога ме мрзи да седам пред компјутер. Многу ми се допаѓа филингот кога си лежам и си сурфам од таблет. Малце црногорски можеби звучи ама така уживам јас највеќе :)“.

Вклучи се во дискусијата – дали таблет компјутерите се аут?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии