ИТ.ЕУ: Жените во ИТ

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Денес Eвропската комисија ќе добие „Кодекс за најдобра примена за жени во ИКТ“ потпишан од ИКТ компании што е дел од пошироката конференција „Move out of the Shadow! Seize the OpportunITy!“ што ќе се одржи на 6 март, а на која ќе се разговара за жените и ИКТ. Овој кодекс ќе помогне да се мотивираат жените да бараат работа во ИТ секторот, кој според Европскиот ИКТ комесар Вивиен Ридинг ќе овозможи „повеќе жени со ИКТ кариери и ќе биде сила за промена и огромна поддршка за овој клучен економски сектор во Европа“.

Овој „Кодекс за најдобра примена за жени во ИКТ“ ги опфаќа:

{mosimage}

  • средно и високо образование – настани кои ќе покажат модели на жени со успешна ИКТ кариера кои ќе го срушат стереотипот „гик“, семинари и тренинзи на професорите кои треба да покажат за што е корисен ИКТ и за можните работи во тој сектор, спонзорирање на настани каде женски инжинери и професионалци ќе одржуваат предавања, организирање натпревари, награди, спонзорства и шанса за Cyberellas да најдат работа во ИКТ секторот по завршување на студиите…
  • вработување – да сe овозможи вокабулар со зборови кои се однесуваат на неутралниот пол, транспарентност во вработувањето, тие што вработуваат да се свесни за вредностите на жените како и да се свесни за работите каде жените се потценуваат, еднакви услови за сите кандидати, фидбек од работодавците зошто им недостасуваат жени во ИКТ секторот…
  • кариера – здравствени бенефиции, посебно кога се децата во прашање, организирање на форуми и настани со други организации за размена на контакти, мониторинг на статистичките податоци за жените во ИКТ секторот, специфични семинари за жени, соодветни тренинзи…
  • враќање на работата по отсуство – промовирање на позитивен однос кон отсуството за мајчинство, соодветна/неутрална терминологија п.р. родителско отсуство, поставување мониторинг механизам за време на отсуството, огранизирање и овозможување на места за децата пред школо, после школо и одмори, тренинг и дополнително тренирање по враќањето на работата…

Доколку сакате сето ова да го чуете во чудно рап видео кое инволвира роботи, тука.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии