ИТ.ЕУ: Судиите и адвокатите ќе учат за ИТ

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Три-годишна студија извршена од 2004 до 2007 година покажала дека службениците во судството во 16 европски земји немаат познавање за информатичката технологија. Заради едуцирање на судиите и адвокатите, минатата година се разви European Certificate on Cybercrime and Electronic Evidence (ECCE) курсот кој ќе ги обезбеди службениците со основно познавање за ИТ.

„Судиите и обвинители не се исплашени, туку се многу претпазливи кога користат електронски докази бидејќи тие не го разбираат тоа што им е доставено како доказ. За да ги искористат доказите, мора да имаат основно познавање во овие теми“ рече Фредисвинда Инса, проект менаџерот на ECCE, кој зборуваше на Интернационалната конвенција за сајберкриминал на Советот на Европа во Стразбург, Франција.

ECCE курсот, изработен од шпанската консултантска фирма Cybex, е интензивен курс, со 8 часа дневно за 4 дена. Изгледа недоволно, но се работи за основно познавање и совети како судиите да се справат со е-доказите. Предавањата ќе опфатат компјутерска форензика, разни сајбер закони, собирање и анализа на електронски докази и дозволи за користење на е-докази.

{mosimage}

Курсот е бесплатен и ќе биде спроведен во 11 европски земји и три јужно американски: Аргентина, Бразил, Белгија, Хрватска, Кипар, Франција, Грчка, Естонија, Италија, Литванија, Романија, Словачка, Шпанија и Венецуела. Распоредот кога и каде ќе се одржат семинарите можете да го најдете на сајтот на Cybex.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии