ИТ.ЕУ: Skype vs. ЕУ

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Кодираните разговори на Skype и нивната корист за криминалците кои не можат да бидат прислушувани од полицијата предизвика европските законодавци да почнат да размислуваат за тој проблем. Од Skype велат „нема проблем, ќе соработуваме и покрај фактот што тие го одлучија тоа и објавија неточен извештај без воопшто и да разговараат со нас“.

Се започна со италијанската полиција која, додека прислушуваше осомничен за трговија со дрога, слушна како осомничените се договараат да се сретнат на Skype затоа што е побезбедно. Повеќе тука. Од Eurojust, тело на ЕУ за правни истраги во унијата, велат дека сакаат да ги надминат „техничките и правните пречки за прислушување на телефонски системи, земајќи ги во предвид разните правила за заштита на податоците и човечките права“.

{mosimage}

„Можноста за прислушкување на интернет телефонијата ќе биде важна алатка за борба против организираниот криминал во и преку границите на Европа. Нашата цел не е да ги сопреме корисниците во користењето на оваа технологија, туку да ги спречиме криминалците да го користат Skype и другите системи да планираат и организираат незаконски дела.“ пишува во официјалата изјава на Кармен Манфреда, преставник на Италија во Eurojust.

Во претходниот текст пишував дека многу безбедносни национални агенции бараат начини како да го пробијат кодот на Skype. Сега е интересно што може да се случи самиот Skype да си ги декодира разговорите. Но ова е само иницијатива, истрагата и начините на соработка на овој план нема да престанат ниту да се завршат само поради барањето на една земја членка. Секако се работи за криминалци и превентива на криминални дела, но дали прислушкувањето разговори е цената за безбедност?



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии