ИТ.ЕУ: Против детска порнографија, монополот на Microsoft…

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Европската Унија засилено ќе работи да ја спречи детската порнографија онлајн со гонење на луѓето кои профитираат од сајтовите со детска порнографија. Се оформи поширока соработка меѓу поголемите компании и организации во Европа заедно со полицијата за споделување на личните податоци за таквите луѓе. Во соработката се вклучени компании за кредитни картички (Visa, Mastercard…), ИТ компании (Microsoft, Ebay…) интернет провајдери, невладини организации, полицијата и Европската комисија.

За „екстремно драматичната ситуација“ како што ја нарече европскиот комесар за слобода, безбедност и право Жак Барот, Европската унија издвои 17 милиони евра инвестиции во „борба против производството, дистрибуцијата и продажбата на детска порнографија“.

Статистика преземена од Missing Children Europe од текстот „ЕУ построго спрема детската порнографија“ објавен во октомври 2008:

  • 39% од порнографските слики се со деца од 3 до 5 години, 19% се под 3 години
  • Во 2003 бројката на педофилската содржина онлајн се дуплирала
  • Во 2007 има 16% повеќе порнографски слики онлајн
  • Telefono Azzurro (Италија) во 2007 работеле на 192 случаеви од кои 45% биле меѓу 0 и 5 години
  • Child Focus (Белгија) во 2007 имале 2562 случаеви …

„Microsoft е примерна компанија“
Европската унија до сега строго го набљудуваше работењето на Microsoft поради многуте поплаки за монопол. Вчера телото за конкурентност на пазарот на Европската комисија објави известување дека „веќе не е потребен постојан мониторинг“ кој започна во 2005 година откако Microsoft беше казнет за монопол. Од 2005 до сега постоеше независен набљудувач кој требаше да се осигура дека Microsoft ги дава потребните информации на ривалите за да можат да имплементираат свои продукти на Microsoft платформи.

Бидејќи Microsoft, кој до сега е казнeт со 1.6 милијарди евра од ЕУ поради монопол, се однесуваше пристојно сега нема потреба од постојан мониторинг. Од овој момент Комисијата ќе ги добива потребните информации од технички советници.

Но ова не значи дека работите со Microsoft и ЕУ се завршени. Сеуште останува проблемот со прелистувачот Internet Explorer кој е имплементиран во Windows и со тоа е фаворизиран пред конкуренцијата. Повеќе тука.

Италија ќе донесе законодавство за глобална цензура?*
„Италијанскиот сенат го одобри – а Camera dei deputati (Италијанскиот „Долен дом“) е подготвен конечно да го усвои нацрт-законот 733 со назив „Безбедносен пакет“, составен од повеќе координирани одредби со цел да се подобрат, што и да значи тоа, овластувањата на полициските органи и јавниот обвинител. Секако, законот немаше да биде целосен доколку не се „погрижеше“ за интернетот, а законодавците не ја испуштија таа можност.“*

Ова е дел од текстот превземен од Edri.org
во кој се пишува за се поголемата шанса, според вољата на италијанскиот сенат, влада да до добие „законското“ право на цензура на содржината на медиумите и таа онлајн. Законот подразбира давање слобода на обвинителот, доколку открие криминални активности на интернет, да побара тој сајт или онлајн сервис да биде блокиран од италијанските провајдери кои доколку не го направат тоа ќе бидат казнети со 250,000 евра.

Претходно пишувавме за обидот на цензура на Facebook, проблемите со енкриптираните разговори на Skype и судењето на четворицата директори на Google поради видео на YouTube кое ќе продолжи на 17 март.

„Италија имаше цврста традиција со обидите да се воведат системи за глобален надзор на граѓаните преку интернет провајдерите и телефонските оператори, користејќи секаков вид на оправдувања (авторски права, детска порнографија, коцкање преку интернет, а сега и активности за поттикнување на криминал). Сепак, чудно е што од овие „добри намери“ секогаш подебелиот крај го извлекуваа невини граѓани, додека вистинските криминалци остануваа на слобода. Или, да бидеме појасни: за да (можеби) се фатат неколку криминалци, користење на целата национална мрежа ќе биде предмет на систематска инспекција од „трети страни“ – имено, интернет провајдери. Збогум, човекови права.“ пишува Edri.org*.

*преводот е на Метаморфозис



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии