ИТ.ЕУ: Права на корисниците и телеком реформите

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Моментално жешка тема во ЕУ се реформите за телекомуникации. Со нив се планирани големи промени во начинот на комуникација, соработката меѓу телеком мрежите, цените на услугите, приватноста и правата на корисниците… На тие реформи Европската комисија работеше подолго време обидувајќи се да најде компромис со државите. Откако се разбраа, реформите за телекомуникации требаше да се најдат во парламентот за гласање.

Меѓутоа реформите повторно ќе бидат одложени бидејќи Европските парламентарци со огромно мнозинство од 407 гласа (88%) ги поставија основните права на корисниците. Со нив исклучувањето на корисниците од интернет сега е нелегално. Нешто што е комплетно против „Création et Internet" законот кој Франција се обидува да го воведе и со кој ќе може да се исклучуваат корисниците обвинети за пиратерија. Овој амандман за основните права на корисниците, кој беше додаден од европскиот парламент и не беше состав од првичните реформи, ќе отвори нова дебата со нови компромиси на следните разговори за телеком реформите, што ќе бидат во јуни.

{mosimage}

Еве дел од тоа што е предвидено со телекомукациските реформи:

  • Поотворен и „неутрален“ интернет за корисниците. Интернет провајдерите имаат моќни алатки во своите раце со кои можат комуникацијата и пристапот да го подобрат за некои или да ги направат полоши, дури недостапни за други. Новите правила ќе обезбедат минимум квалитет за комуникациските сервиси и онлајн пристап. Исто така, со овие правила, корисниците ќе бидат навремено информирани за нивниот потрошен сообраќај и за промени на услугите.
  • Право на пристап на интернет. Пристапот на интернет, според ЕУ, е основното право на корисниците како правото за изразување или правото за пристап до информации. Новите правила се дека секој обид некој да биде исклучен од интернет, мора да биде направен со почитување на основните човекови права. Последниот збор за исклучување ќе го има судот.
  • Правото на корисникот да смени мобилен или фиксен оператор за 1 ден при тоа задржувајќи си го телефонскиот број – (сега во Европа, во просек е потребно 8.5 дена да се промени мобилниот број, а 7.5 фиксниот, некои корисници чекаат дури и 2-3 недели)
  • Ново ЕУ регулирано тело BEEREC што ќе се осигура дека има фер конкурентност на пазарот и имплементирање на регулативите
  • Националните телеком регулатори ќе добијат поголема независност, не треба да има политички притисоци врз регулаторите
  • Подобар менаџмент на радио спектрумот и широкопојасен интернет за сите. Во ЕУ пристап до интернет имаат само 70% од граѓаните. Проблем се тие во руралните и одалечени средини.
  • Побрзо промовирање на 3G мобилните сервиси
  • Подобар пристап до 112, бројот за итни повици. Сите граѓани на ЕУ мора да имаат пристап до овој број и мора да се направи кампања за негово промовирање, така што секој ќе знае за тој број.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии