ИТ.ЕУ: Поход на пиратите

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Во јуни за место во Европскиот парламент меѓу 20 кандидати ќе се појави и Кристиан Енгстром, член на Пиратската партија од Шведска. Оваа партија е позната по тоа што пропагирa отворено споделување на фајлови и сериозно редизајнирање на законите за авторски права, тргање на патентниот систем и гарантирање онлајн приватност. Поради своите агенди Пиратската партија е често поврзувана со озогласените The Pirate Bay. Во суштина тие го делат истото мислење дека секој смее да симнува музика, книги, сé што сака за приватни потреби, а не за комерцијални. Разликата меѓу партијата и TPB е тоа што на вторите се гледа како на криминалци поради активностите.

Иако Пиратската партија (ПП) во 2006 на националните избори во Шведска освоила само 0.63 отсто од гласачите, г-дин. Енгстром е убеден дека времињата се сменети. Поради строгите правила против пиратеријата воведени во Шведска неодамна, судењето на TPB, Пиратската партија привлече голем број на истомисленици, пред се млади гласачи. Сега ПП брои 12.000 члена, најголема е од малите партии во Шведска, а нејзиниот млад огранок „Младите пирати“ се втората по големина млада партија во Шведска.

Планот на оваа партија е да се обиде на 4 и 7 Јуни да влезе во Европскиот парламент.

"Најголемото законодавство за ИТ полисите доаѓа од Брисел. Тамо се донесувааат одлуките и таму ние сакаме да бидеме“ изјави 48-годишниот Кристиан Енгстром за Wired.

{mosimage}

За влез во Европскиот парламент, на Пиратската партија и требаат 100.000 гласа што е многу за мала партија која освои само 35.000 во минатите национални избори на Шведска. Но, времето неможе да биде подобро, пишува Wired.

Минатото лето, во Шведска, се воведе контраверзен закон против пиратеријата, кој дозволи на државата да го „прислушкува“ интернет сообраќајот што поминува преку шведските граници. Тоа предизвика остри реакции од јавноста и „ја обележа на мапа основната тема на Пиратската партија“ пишува Wired.

Исто така Европската унија го воведе „Ipred-законот“ кој дозволува на големите компании да побараат судски налог за идентификација на сите поврзани со пиратската содржина. Тој закон ќе стапи во сила на 1 Април. Кон тој закон може да се додаде и правилото од 3 чекори, кое е форсирано од неколку земји, а кое пак не беше прифатено од Европскиот парламент.

Судењето на Тhe Pirate Bay, исто така, не е исклучок. Одлуката е на 17 Aприл, и сигурно каков и да биде исходот од судењето ќе се отворат многу прашања за споделување/трансфер на фајлови и законите за зачувување на авторските права.

Така да, Пиратската партија има шанси да биде активирана и да добие шанса да се промовира до јуни, но ова може да биде и последната шанса.

"Ако не успееме да влеземе во Европскиот парламент, иднината на Пиратската партија е мрачна. Сето наше планирање се базира на тоа ние да одиме во Брисел“ вели г-дин. Енгстром кој вели дека Пиратската партија нема донори, ниту можност да плаќа работници, но со влезот во Европскиот парламент сето тоа може да се смени.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии