Article 29 групата составена од експерти за заштита на податоците и приватност и дел од Европската Комисија, смета дека користењето на OpenID платформи може да ги злоупотреби личните податоци на корисниците. OpenID е платформа како Facebook Connect и др. која овозможува користење на едно корисничко име за повеќе платформи и овозможуваат овие платформи да бидат вклучени на други сајтови, пример коментирањето на IT.com.mk функционира преку Facebook Connect, односно можете да оставите коментар преку логирање со вашиот Facebook профил, без да отварате корисничко име директно на сајтот.

Корисниците нормално ги користат друштвените мрежи за дружење и безгрижно ги објавуваат личните податоци, но проблемот за Koмисијата е што тие исти податоци завршуваат кај трети лица преку платформите, односно апликациите.

Друг проблем за европските регулатори е што маркетинг агенциите можат лесно да дојдат до личните податоци на корисниците. Пример за тоа се групите на Facebook. Доколку се зачлените во една група, вие имате пристап до информации на други луѓе без да ви се додадени како пријатели. Како член на таа група, ќе можете да видите кој друг дели слични интереси со темата на групата и сл.

Сепак ова се само идеите на Article 29 Working Party „содржани во необјавен документ од групата“ пренесува FinancialTimes. Групата составена од експерти функционира како советник на Комисијата за онлајн приватноста и заштита на податоците.

Интернет на нештата
Со малку бизарен наслов „Кога јогуртот ќе ви зборува“ Европската Комисија го претстави Акциониот план „Интернет на нештата“.

Идејата зад планот (и насловот), е дека со брзината на развој на технологијата, луѓето многу бргу ќе завршат во свет каде јогуртот ќе ви го кажува датумот на истекување, каде две апчиња ќе се советуваат дека не треба да ги конзумирате заедно…

„Секој ден гледаме нови примери што ги поврзуваат предметите за интернетот и меѓу себе: од автомобили поврзани со семафорите, до домашни уреди поврзани со паметни електрични мрежи до инструменти за мерење на струјата…Ова покажува дека можностите на интернетот се безбројни како предметите околу нас. Но мора да се осигураме дека европејците, како граѓани, како претприемачи и корисници, ја водат технологијата, наместо технологијата да не води нас“ рече Вивен Рединг, еврокомесарот за ИТ.

Затоа Европската Комисија го усвои овој акционен план со кој се зацртуваат чекорите кои треба да се преземат во иднина како: стандардизирање на технологијата, заштита на приватноста, подобро инвестирање во истражувања на технологиите, префрлување на IPv6 интернет протоколот за зголемување на бројот на интернет адресите…

ICAAN да е независна организација, бара ЕУ
Европа повторно побара ICANN да биде независна. Организацијата која ги дава имињата на интернет и броевите на интернет адресите, a е основана во 1998 година како непрофитабилна организација која ќе функционира за организирање на глобалниот интернет.

Иако независна сепак ICANN има потпишано соработка со Американската влада. Бидејќи договорот на ICAAN со САД истекува на 30 Септември годинава, Европската комисија повикува во иднина ICANN да биде оставена да работи самостојно без мешање на владите, односно без продолжување на договорот со САД „бидејќи тоа ги засега сите луѓе на планетава“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии