Пиратската партија доби второ место во Европскиот парламент, благодарејќи на Чешка која го ратификува Лисабонскиот договор со кој парламентот се прошири за 18 места. Од тие додатни места, едно припадна на Амелија Андерсдотер, членка на шведската Пиратска партија. Таа стана најмладиот парламентарец во Европскиот парламент со само 21 година.

„Мојата политичка амбиција вклучува целосна ревизија и промена на авторските права, целосно одстранување на системот за патенти и побалансиран пристап кон безбедноста, и пристапот на пазарот кон приватноста, каде последново треба да се разгледа со многу внимание. Верувам во правата на граѓаните, дури и во дигитална околина.“ пишува г-ѓа. Андерсдотер на својот блог.

Пиратите добија едно место во Европскиот парламент минатиот јуни за време на евро-изборите. Тоа место го зазеде Кристиан Енгстром.

Интересно, постои можност Пиратите да добијат уште еден парламентарец доколку Лисабонскиот договор се ратификува од сите земји членки. Иронично, пишува TorrentFreak, пиратите беа против тој договор.

Пиратите нема да се исклучуваат

За Европа исклучувањето од интернет е крајна казна и затоа мора да биде доставена преку „фер“ судење. По долга расправа зад затворени врата, посредници од Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на Министрите, што се преставници на земјите-членки, заклучија дека пристап до интеренетот е основно право и ги зацртаа идните телеком реформи.

Ова прашање беше едно од главните кои спречуваше гласање и воведување на Телеком реформите кои треба да обезбедат поголеми права за корисниците, отворен интернет, отворен ЕУ телеком пазар и брз интернет за сите граѓани.

За реформите ќе се гласа во средината на ноември. Повеќе за 12 клучни реформите можете да прочитате на сајтот на ЕУ – europa.eu.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии