ИТ.ЕУ: Европа ќе ги исклучува пиратите

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Европскиот Парламент попушти под притисок што побрзо да ги спроведе телеком реформите, и го тргна амандманот 138 во кој пишуваше дека интернетот е основно право и слобода и „може да се одземе само под исклучителни околности, вклучувајќи судски процес.“

Тој амандман,
како дел од телеком реформите, ги спречуваше Франција и други земји да воведат построги мерки за спречување пиратерија како „правило од 3 чекори“ со кое ќе се исклучуваат пиратите после 3 предупредување. После долга расправа, во која Франција и останати земји не сакаат да ги прифатат телеком реформите, евро-парламентот попушти, и покрај фактот што пред некој месец амандманот 138 беше одобрен со големо мнозинство.

Наместо амандманот 138 ќе биде вметната верзија која нема да гарантира право на судење на секој што ќе осомничен како пират.

{mosimage}

Онлајн шопинг fail

Дигиталната европска економија има сериозни проблеми, дури 60% од онлајн нарачките направени во друга земја-членка, се одбиени. Ова го покажува најновото истражување на Европската комисија.

Истражувањето покажало дека онлајн продавачите или не примаат интернационални нарачки или немаат услови како да ги спроведат. Така 3 од 5 нарачки се неуспешни, вели Комисијата чие истражување опфатило 11.000 тест-нарачки на 100 популарни продукти.

Ова што откри Комисијата во „мистериозниот шопинг“ како што ја нарекуваат анкетата:

  • Moжни се значителни заштеди. Во 13 земји од 27, потрочувачите можеле да најдат поефтин производ и тоа поефтин најмалку за 10%.
  • Потрошувачите имаат пристап до најразлични продукти што ги нема на домашниот пазар.
  • Но, 60 отсто од нарачките не се успешни.

„Резултатите на оваа истражување се неверојатни, ние сега имаме конкретни докази и бројки за онлајн пазарот во Европа кој едноставно не се остварува. Подобрите зделки и поквалитетни производи за европските корисници можат да бидат само еден клик одалечени.“ вели евро-комесарката за потрошувачки прашања, Меглена Кунема.

„Но во реалноста онлајн потрошувачите се главно затворени меѓу националните граници. Европските потрошувачи се спречени да дојдат до подобар квалитет. Ние мораме да го подноставниме законскиот лавиринт што ја спречува онлајн трговијата меѓу земјите-членки“ вели таа.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии