ИТ.ЕУ: Бариери за отворен онлајн пазар

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Европската комисија поднесе извештај за напредокот на онлајн економијата, која се зголеми на 33 од 26 отсто во 2006 година. Дури 50 отсто од французите, англичаните и германците купувале онлајн, додека дури 91% од скандинавците, Данска, Шведска, Норвешка, Финска + Исланд купувале преку интернет, пишува во извештајот. Бројките се доста интересни за напредокот и поместувањето на економијата кое се развива пропорционално со интернет пенетрацијата. Но Европската комисија не е задоволна од овие бројки. На унијата која е направена за да постои отворен, квалитетет и конкурентен пазар не и се допаѓа што онлајн пазарењето не ги преминува реалните граници на државите.

"150 милиони купуваат од интернет, само 30 милиони купуваат преку границите“ вели Маглена Кунева, европски комесар кој го презентираше извештајот во кој се обвинуваат разни лингвистични, практични, регулаторни и правни пречки за развој на интернет економијата во Европа.

Во извештајот се објаснува дека постои потенцијал за ваква економија, дека корисниците се задоволни делумно од понудените услови и од поширокиот избор. Додека како бариери се гледаат географската сегментација
„Голем дел од компаниите имаат сајтови кои може да ги види секој . Но и покрај тоа компаниите сепак оперираат дека и внатрешниот пазар се одвива меѓу националните граници. Потенцијалот е огромен, но сепак во пракса, потрошувачите се одбиени или пренасочени кон нивните земји“.

Во овој проблем допринесуваат и правните, регулаторните бариери, на пример во Македонија сеуште не функционира PayPal, популарен начин на плаќање преку интернет, и покрај сите најави. Иако Македонија не е во Европа :) и извештајот не е за Македонија, сепак проблемите се истите.

{mosimage}

Безбедност

Вчера, исто така, евро-парламентарците сугерираа ре-дизајнирање на балансот меѓу онлајн безбедноста и онлајн приватноста, и планираат да постават стандарди кои нема да важат само за Европа туку и за целиот свет. Ова прашање го отвори Ставрос Ламбринидис, евро-парлементарец од Грција, кој посочи дека виртуалниот идентитет е важен дел од актуелниот идентитет на индивидуата. Нормално, бидејќи покрај личните податоци оставени на интернет, вие ги ставате онлајн и мислите и другите детали за вашиот живот.

За поставување на стандардите Европскиот парламент доби подршка и од разни академски и граѓански групи кои работат со слободата и правата на човекот.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии