ИТ.ЕУ: 65 отсто домаќинства на интернет и европски домен

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage} Во Европа има пораст во користењето на интернет, покажуваат најновите податоци од Eurostat, канцеларијата за статистика на ЕУ. Во првата четвртина од 2009 година 65 отсто од европските домаќинства имаат пристап до интернет, што е за 5 отсто пораст споредено со 2008 година.

Што се однесува до користење широкопојасен интернет, растот е поголем. Во 2009 година 56 отсто од домаќинствата имаат широкопојасен интернет споредено со 49 отсто од 2008 година.

Доколку се споредат земјите се приметува огромна разлика. Бугарија е последна на листата на земјите со 30 отсто од популацијата која има пристап до интеренет. Следуваат Грција и Романија со 38 отсто од домаќинствата кои имаат интернет. Најголем процент се бележи во Холандија каде 90 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет.

Интересен податок е и дека 40 отсто од индивидуалните корисници купуваат онлајн.

Повеќе статистика за интернетот во Европа ќе најдете на сајтот на Унијата.

Социјалниот аспект на интернетот

Европската комисија објави два извештаи за информации „social computing" односно за социјалниот аспект на итнернетот: користење сервиси за споделување видеа, слики, отварање профили на друштвени мрежи, блогови… Според Комисијата друштвените мрежи и „social computing“ се меинстрим и не смејат да бидат изоставени од европските парламентарци бидејќи 32 отсто од ЕУ интернет корисници имаат профили на друштвени мрежи, а дневно се креиараат околу 100.000 блогови.

Според Комисијата социјалниот аспект на интернетот може да донесе пораст во економијата и да отвори повеќе работни места.

{mosimage}

Тоа на што треба да размислуваат евро-парламентарците е подобрување на приватноста, да се отвори пазарот и да има поголема конкурентност, да се размислува за е-владеење…

Повеќе ќе можете да прочитате во овие два документи.

Наскоро европски домени

Се очекува да се објават европски домени кои ќе можат да се искуцаат со 23 официјални јазици на Европската Унија. Оваа можност стана достапно откако се ICAAN одобри интернационални домени.

Тоа значи дека можеби наскоро ќе стернеме café.eu или tête-à-tête.eu домени.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии