Се спомена дека иако поголем од компаниите користат затворен софтвер, сепак помладите генерации се доста запознаени со овој софтвер. Затоа е потребно да се постават стандарди и принципи за работа, да се среди лиценцирањето на софтверот и за неговата модификација. Како пример беше предложено да се ослободи секој образовен труд изработен од студентите/учениците.

Работната група верува дека со ослободување на кодот т.е воведување на отворен стандард посебно кај владините интитуции ќе доведе до поголема транспарентност. Ако е за јавна намена тогаш софтверот треба да е јавно објавен, да се знае по кој критериум/алгоритам работи, нели?

Исто така, потребно е и да се мотивираат и преведувачите, бидејќи слободниот софтвер може лесно да се локализира, преводот може да биде слободен и да е изработен од луѓето со цел да се подобри. Токму таа пристапност до кодот е и клучот за безбедноста на софтверот. Ако е јавно објавен повеќе луѓе ќе можат да го прегледаат, тестираат и со тоа да се подобри и безбедноста.

Подолу се слики од настанот, а повеќе информации за настанот забелешките и учесниците на настанот ќе ги најдете на npss.slobodensoftver.org.mk.

3 коментари на “ИТ дискусија: Национална политика за слободен софтвер

  1. Апсолутно не!
    Но, секој од нас треба да знае како се потрошени парите. А за тенковите се доволни нивните технички спецификации.

    Со ваков вид на претерувања, би можеле да тврдиме сѐ и сешто, иако не би ми пречело да ме возат во некој од службените Мерцедеси. :)

  2. Зависи како гледаш на работите.

    И тенковите и авионите се купуваат со пари на граѓаните, па сега по твојата логика би требало секој од нас да има можност да ги вози и да ги чепка???

  3. Со други зборови: ако државните институции купуваат софтвер, тогаш — по дефиниција — тој е платен со парите на граѓаните, даночните обврзници. Во крајна линија, тој софтвер им припаѓа ним.
    Значи, граѓаните мора да имаат право на користење на тој софтвер, на увид во него и во можноста да „ѕирнат“ на кој начин работи алгоритамот за, на пример, доделување на студентски соби. Или како работи софтверот за јавни набавки.

    Софтверските компании, со самиот факт дека испорачуваат софтвер платен од граѓаните, мораат да се откажат од неговата затвореност и ексклузивност, и да го „ослободат“ со некоја од соодветните лиценци за слободен софтвер.

    Power to the people! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии