IT.com.mk одсега и на Twitter

Дамјан Дано

во Блог

Следејќи ги последните трендови на интернет, и обидувајќи се на што повеќе начини да се доближиме до нашите посетители и да понудиме информации на лесен и едноставен начин, одсега порталот има и официјално свој Twitter профил кој ќе го користиме за поважни известувања во врска со порталот, форумот и сите останати сервиси како и за известување во врска со разни активности и настани.

Линкот до нашиот профил на Twitter е: www.twitter.com/itcommk

Доколку специфично се прашувате како планираме да го користиме овој сервис и што корист имаме од него, еве еден конкретен пример:
– Да речеме IT.com.mk има технички проблеми и е недостапен (пу пу…) и немаме шанса како да ве известиме за што се случува и што е работата… тогаш го користиме Twitter со објавување на кратки пораки со кои ќе ве информираме за проблемот.

Секако, неморав да одам на најлошиот пример, ама тоа прво ми дојде на памет во овој момент… нормално дека ќе го користиме и за други позитивни работи, како што е објавување на нови сервиси, ексклузивни новости и случувања итн.

Сега откако го кажав она најновото со што имаме да се пофалиме… да продолжам со главното и со тоа што всушност е Twitter.com за оние неинформираните…

Twitter е практично микро-блогерски сервис кој овозможува постирање на кратки пораки (ограничени до 140 карактери) кои можат да бидат испраќани до профилот преку веб прелистувачи, СМС, е-маил и разноразни десктоп клиенти.

Овој иновативен сервис е наменет за да ја оддржи врската со вашите пријатели, соработници или членови на семејството со известувања за тоа каде сте, што правите… како што велат на Twitter тие ве доближуваат до блиските преку чести одговори на прашањето: Што правите сега?

Иаку оргинално наменет за лична употреба, многу светски компании (вклучувајќи ја и CNN) почнаа да го користат сервисот за овозможување на кратки известувања за случувањата во светот или со нивната компанија… следејќи го овој тренд, се решивме и ние да се обидеме со Twitter.

За повеќе информации во врска со Twitter, посетете ја официјалната страна, или пак wiki-то на фановите на Twitter. За подобро да го разберете концептот доколку сеуште имате проблеми со давање одговор на прашањето што е тоа Twitter, ви советувам да го погледнете следново видео:

{youtube}ddO9idmax0o{/youtube}

Доколку сте корисници на Twitter.com или пак се решите после овој пост да се регистрирате, не заборавајте да го испробате и следниов клиент, а и нормално – да го "следите" нашиот профил. :-)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии