Како медиум за информатичка технологија знаеме дека иновативноста и креативноста се неопходни за оваа индустрија која го менува секој сегмент од нашиот секојдневен живот. Затоа, за да мотивираме и инспирираме, IT.com.mk за прв пат организира  награди за најдобрите, иновативните и креативните умови и проекти од македонската  ИКТ сцена во 2010 година.

ПРОЦЕС

Процесот на наградите е едноставен… од 1-ви ноември до 10-ти декември трае пријавувањето на кандидатите во 4 категории:

  • .мк сајт на годината
  • #mkfail на годината
  • ИТ личност на годината
  • ИТ компанија/организација на годината

ГЛАСАЊЕ

По завршување на рокот за пријавување, публиката ќе има можност да гласа за своите фаворити преку едноставна форма во периодот од 10-ти декември до 22-ри декември.

Победниците ќе бидат прогласени на 22-ри декември според гласовите на публиката (70%) и според жирито составено од основачите на IT.com.mk (Дамјан, Столе, Стефан, Ѓоко и Виктор чии гласови ќе важат 30%).

На победниците ќе им биде доделено официјално признание, а победниците во категориите ИТ личност и ИТ компанија на годината ќе добијат и посебна реклама на порталот.

IT.com.mk ги поканува сите заинтересирани да ги пријават своите фаворити (или пак самите да се пријават) во соодветните категории почнувајќи од 1-ви ноември, понеделник.

Споделете, пријавете, гласајте и заедно да ги одбереме најдобрите и најиновативните! :)

Целиот процес, од пријавување до гласање ќе се одвива на следнава страница:

http://www.it.com.mk/nagradi

14 коментари на “IT.com.mk награди 2010: Започна номинирањето!

  1. „IT.com.mk ги поканува сите заинтересирани да ги пријават своите фаворити (или пак самите да се пријават) во соодветните категории почнувајќи од 1-ви ноември, понеделник.“

    Ова е лошо смислено… Добар пример даде @deemeetar , и двајцата заслужуваат награда – али и така не е фер. Подобро би било да е ограничено на пријавување сам на себе си.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии